ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.04.2022
Продолжува штрајкот, а ќе се продолжи ли учебната година после 9 јуни?
Автор: Goce Author

Владата и СОНК не успеаја да се договорат за повисоки плати во образованието, па согласно тоа штрајкот во образование продолжува. Учениците и денес не влегоа во училниците.

Јаким Неделков

МОН порача дека секој изгубен ден од наставата ќе значи продолжување на учебната година, меѓутоа СОНК не се согласува. Ставот на синдикатот е секој наставник во рамки на работното време да вложи дополнителни напори и во рамки на редовното работно време да ги надополни и наставните содржини кои децата ги изгубиле поради штрајкот

Немаме добри вести за јавноста, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од причина што немаме конкретно ветување дека зголемување на платите ќе биде во висина од некој процент, изјави претседателот на претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков, по вчерашните преговори во Министерството за образование и наука.

Тој вели дека министерот Јетон Шаќири им нагласил оти зголемување на платите ќе добијат и дека се прават максимални напори да се пренасочат пари од други министерства и на ниво на Влада.

Проректорот на УГД: Дигитализацијата во високото образование ќе продолжи

И за време на преговорите од Министерството нагласиле дека секој нереализиран наставен ден поради штрајкот ќе значи продолжување на наставата после 9 јуни, имајќи предвид дека законските прописи не дозволуваат намалување на наставните програми.

Меѓутоа, наставниците од СОНК не сакаат учебната година да се продолжува. Тие велат дека секој наставник во рамки на работното време да вложи напори и во рамки на редовното работно време да ги надополни и наставните содржини кои децата ги изгубиле поради штрајкот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?