ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2023
Продолжување на ученичка стипендија до 30 септември
Автор: Goce Author

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.

Министерството за образование соопшти дека учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото на ученичка стипендија.

За каква било информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?