ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.04.2024
Програма за изучување на правен англиски јазик
Автор: Goce Author

Американските Катчиња во соработка со Асоцијацијата за едукативни, развојни и економски политики ФОКУС ПОИНТ – Битола, организираат програма за изучување на англиски јазик – Legal English.

Програмата е наменета за сите студенти, правници и правни теоретичари кои сакаат да го подобрат својот правен англиски јазик, преку активна комуникација и вежби.

Во текот на оваа 6 неделна програма, учесниците ќе се среќаваат со материјал кој е насочен кон правни термини и вокабулар. Времетаењето на една сесија ќе биде два часа.

Курсот официјално започнува на 18 април во 18:30 часот и ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM .

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк наjдоцна до 15-ти април, 2024.

Отворен повикот за наградата на ЕУ за истражувачко новинарство за 2024 – фондот е 10.000 евра
Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?