
Климатските промени предизвикале пролетта да започнува порано. Овие промени се случуваат во екосистемите во сите четири годишни времиња. Растенијата во Велика Британија почнале да цветаат цел месец порано, во однос на периодот пред 200 години. Ова е податоци кои неодамна ги објави Универзитетот Кембриџ.
Јапонската цреша минатата година расцветала на 26-ти март што е најрано во последните 1200 години.
Научниците истакнуваат дека иако тоа може да изгледа позитивно, тоа сепак има големи негативни последици. Тоа може да се одрази лошо на животните, но особено и на земјоделието.
Многу видови на животни се развиваат синхронизирано со природата. Времето за миграција и хибернација на птиците и инсектите, на пример, е ускладено со цветањето на растенијата. Ако билките расцветаат порано, тоа го нарушува моментот на синхронизираност. Тоа во крајна линија се одразува на производството на храна.
Растенијата кои цветаат порано се под поголем ризик од измрзнување. Следствено на тоа научниците повторно предупредуваат дека мора да се забави глобалното затоплување.