ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.10.2023
Промоција на новите финансиски инструменти на ЕУ
Автор: Goce Author

Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“  денеска организираат регионален хибриден настан на тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU”.

Како што информира Стопанската комора, ќе бидат промовирани новите финансиски инструменти на Европската Унија за микро, мали и средни претпријатија што се достапни во регионот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во партнерство со меѓународните финансиски институции.

Гоце.мк – Поевтинува роамингот за македонските граѓани во ЕУ, а од 2028 година ќе нема роаминг – (goce.mk)

Финансиските инструменти меѓу другото се наменети за области како зелени инвестиции и технологии, микрофинансирање, енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија, одржливо земјоделство, циркуларна економија, еко-туризам и претпријатија предводени од жените и младите. Финансирањето ќе биде достапно во форма на заеми, капитал, инвестициски стимулации и техничка помош, се појаснува во соопштението.

На настанот предвидени се обраќања на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на министерот за финансии Фатмир Бесими и на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска