ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.04.2022
Проректорот на УГД: Дигитализацијата во високото образование ќе продолжи

Кризната состојба со пандемијата придонесе за Универзитетите да мораат да воведат онлајн настава и целосно да ја воведат дигитализацијата. Професорите беа принудени да ја искористат својата креативност за снаоѓање во ваквите услови, а студентите да се навикнат на еден поинаков начин на учење. За трагите кои ги остави користењето на овој облик на настава во изминатите две години и применувањето на дигитализацијата во иднина, повеќе ни кажа проректорот за настава на УГД проф. д-р Мишко Џидров.

Проф. Мишко Џидров – Проректор за настава на УГД

Би рекол дека од она што се случуваше ќе мора да ги извлечеме позитивните работи и да ги применуваме во образованието. Дигитализацијата на високото образование ветува многу, вклучително и во смисла на проширување на пристапот кон нетрадиционални студенти, намалување на трошоците за наставата, проширување на индивидуализираната и приспособлива настава. Дигитализацијата не е поврзана со време и место, па таа ќе дозволи пофлексибилен и по мобилен пристап од традиционалните форми на учење.Јас верувам дека универзитети кои нудат комбинирани модели за образование ќе се истакнат помеѓу другите во периодот што следува.” ,вели Џидров.


Дали студентите ќе се вратат во амфитеатрите?


Проректорот смета дека платформата Moodle или Е-учење која до сега ја користеа  студентите, може да продолжи да се употребува и понатаму во поглед на споделување на материјали од предавања и планирање на наставниот процес, со цел пофлексибилна соработка со студентите. Покрај оваа платформа, на студентите во иднина ќе и остане достапен и Е-распоредот за поголема прегледност на активностите.

Професорите се снајдоа со дигиталните алатки?

Со оглед на тоа што на Факултетите се среќаваат професори од различни генерации, Проректорот смета дека секој од нив успешно се прилагоди на огромната промена.

Во текот на овие две години беа до развиени вештини и воведени алатки со што се збогати и искуството и можностите за онлајн работа. Професорите го голема мера ги прифатија овие предизвици и ги надградија и прилагодија кон потребите на своите програми. Ова сето кажува дека не само што професорите ги подржуваат и користат придобивките од онлајн работењето, туку голем дел од нив и ќе подржат хибридни начини на работа во иднина.”, вели Џидров.


Ќе го промени ли пандемијата високото образование?


Претседателот на студентите ги охрабрува колегите да доставуваат барања и предлози за наставата

Сметам дека доколку се врати наставата со физичко присуство, делумна дигитализација би можела да се изведе во ограничени случаи и дека начинот на кој се изведуваат досегашните предавања дадоа големи предности. Секако дека постојат и негативни импликации од онлајн предавањата и испити, но со тек на време УГД ги анулира недостатоците во ваквиот тип на одвивање на наставата.”, смета Мирко Наџаков, претседател на Универзитетското Студентско Собрание при УГД.

Мирко Наџаков – Претседател на Универзитетско Студентско Собрание

Претседателот на УСС ги охрабрува студентите да ги споделат своите идеи и барања во врска со подобрување на ефикасноста и поедноставувањето на наставата и полагањето на испити.

Ректорската управа и професорите не негираат дека онлајн наставата нема да остави траги врз студентите, но сметаат дека ова искуство ќе го искористат понатаму за подобрување на процесот на студирање.

Испитните сесии причина за несоница кај студентите – како да се справиме?
Пушењето кај младите во Македонија – сериозна закана за здравјето и иднината