ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.10.2021
Просечен програмер во Македонија зема плата од 1800 евра

По анализата на Државниот завод за статистика, споредбено со просекот на бруто плати по дејност, највисоките просечни бруто плати се два ипол пати повисоки од просечната нето плата(28.642ден.) во Македонија.

Според анализата ова се највисоко платени професии:

  1. Повторно на листата на најплатени професии се вработените во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна бруто плата во август била 112.044 денари или 1.822 евра.
  2. Веднаш по нив се вработените со дејност Информации и комуникации кои во мај просечно земале 100 денари или 1.351 евра.
  3. На трето место се вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 79.076 денари или 1.286 евра.
  4. На четврта позиција се вработените во сектор Воздухопловен транспорт со бруто плата од 70.831 денар или 1.152 евра.
  5. Во првата петорка, на петтото место се најдоа и вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со просечна бруто плата од 69.756 денари или 1.134 евра.
  6. На шестото и седмото место се рангирани вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просек на плата од од 68.136 денари или 1.108 евра, додека пак кај вработените во Финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна бруто плата 66.692 денари или 1.084 евра.
  7. Вработените во секторот Телекомуникации се позиционирале на осмото место со просечна бруто плата од 63.603 денари или 1.083 евра, а веднаш по нив се вработените во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде просечната бруто исплатена плата изнесува 62.788 денари или 1.021 евро.
  8. Во топ 10 компании влегуваат и вработените со дејност Снабдување со електрична енергија, Гас, Пареа и Климатизација со просечна бруто плата од 62.788 или 1021 евра.
  9. Последни на листата кои имаат просек бруто плата над 1000 евра се најдоа вработение во секторот Вадење на други руди и камен каде просечната бруто плата изнесува 61.621 денар или 1.002 евра.

Photo by Sigmund on Unsplash

Во нашата држава, постојат дејности каде просечната плата е за скоро два пати помала отколку државниот просек.

На непопуларната листа, со најниски плати се најдоа:

  1. Секторот Заштитни и истражувани дејности се со најниска исплатена нето плата од 16.404 денари.
  2. Производство на кожа и слични производи од кожа имаат просечна плата од  16 442 денари
  3. Производство на облека имаат просечна плата од 17 880 денари
  4. Вработените во секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа имаат просечна нето плата од 18.220 денари
  5. Во секторот Дејности на оброци и служење на храна ја заокружуваме топ 5 листата со најниски плати каде изнесува 19 370 денари.

Она што треба да го посочиме е дека, просечна нето-плата исплатена во август годинава изнесувала 28.642 денари, а просечната бруто плата била 42.776 денари според информации од Државниот завод за статистика (ДЗС)

 

Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид
„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање