ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.01.2023
Протест во Македонија за ослободување на Ендру Тејт и „зачувување на машкоста“?

На социјалните мрежи се појави настан каде се организира протест против затворањето на инфлуенсерот Ендру Тејт. Ендру Тејт (Andrew Tate) стана исклучително популарен изминатите неколку години на социјалните мрежи, особено со неговите контроверзни изјави и потези.

Организаторот на настанот на ФБ е извесен Дамјан Здравковски, а во описот на настанот стои:

На 31ви Јануари, на плоштад во Скопје. Биди дел од борбата за зачувување на машкоста, и да покажеме дека и ние имаме глас

Тејт е 35 години и е поранешен професионален кик-боксер, претприемач и креатор на содржини, кој има и онлајн курс за „создавање модерно богатство“ на неговиот сопствен Универзитет Хастлерс, кој тој го основал. Впрочем не станува збор за вистински универзитет, туку само го носи тоа име.

Зборувајќи за своето лично богатство, тој неодамна во едно интервју дека станал трилионер, иако неговото богатство се проценува на близу 30 милиони, далеку е и од милијарда.

На 29 декември 2022 година, полицијата во Романија ги уапси браќата Тејт и две жени. Сите четворица се осомничени за трговија со луѓе и формирање организирана криминална група, а еден од нив (неидентификуван според романските власти) е осомничен за силување.

На 20 јануари романскиот суд им го продолжи притворот на браќата до 27 февруари. На 25 јануари, додека беше одведен на сослушување во единицата за организиран криминал во Романија, Ендрју рече дека случајот против него е „празен“ и им рече на новинарите дека „тие знаат дека не сме направиле ништо лошо“.

Притворот на Тејт се сметаше за неопходен за да се заштити истрагата и да се обезбеди присуство на Тејт на секое идно судење. До 23 јануари 2023 година, сè уште не е поднесено обвинение.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?