ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.03.2025
Проверка на безбедносните стандарди во училиштата
Автор: Goce Author

Безбедносните стандарди во училиштата во Македонија се предмет на проверки, со цел да се подигне на повиско ниво безбедноста на учениците и вработените.

Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Министерството за образование и наука.

МОН на 20 март се обратило до општините, кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта, за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти.

Препораки на Владата за безбедност во училиштата

-Недостигот на кој било документ подразбира неодложно постапување и зајакнување на сигурноста на учениците за време на престојот во училишните објекти. Обврската се однесува и на училиштата под надлежност на државата, односно основните училишта со ресурсни центри и државните училишта за образование и рехабилитација. Дадена е и насока за редовна проверка на функционалноста на опремата за справување со кризни ситуации и непогоди, како ПП-апарати и хидранти, наведува МОН во соопштение.

Министерството напоменува дека од денеска и Државниот просветен инспекторат, во рамки на своите надлежности, ќе проверува дали училишните објекти се осигурени.

Женскиот економски форум: Настан посветен на финансиската писменост и заштита од измами
Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат