ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.11.2022
Првата камп – градинка во Македонија – отворена и функционална во Штип

Идејата дојде од еднонеделно волонтирање во камп – градинка во Литванија. Кога увидовме колку глатко таму функционираат нештата и покрај секојдневните врнежи на дожд, сфативме дека ние овде имаме далеку подобри временски услови за ваква градинка.“, вака ја започнуваат приказната Ана Марија и Бојан, основачите на камп – градинката во Штип. 

Бојан Андонов и Ана Марија Павлова, основачи на камп – градинка во Штип

Овие млади лица ја започнале својата реализација во февруари, а денеска се исполнети со детските чекори кои трчаат низ камп градинката.

Од каде идејата за камп градинка на отворено?

  • Идејата дојде од еднонеделно волонтирање во ваква градинка во Литванија. Кога увидовме колку глатко таму функционираат нештата и покрај секојдневните врнежи на дожд, сфативме дека ние овде имаме далеку подобри временски услови за ваква градинка. Сакавме да правиме нешто ново, уникатно во нашиот роден град, кое истовремено ќе биде поврзано со нашите знаења и вештини.

Бојан е долгогодишен извидник кој ја познава природата и како правилно да се функционира во истата, додека АнаМарија е психолог кој се застапува за подобро ментално здравје на младите и има сфатено дека тоа најдобро се достигнува преку поминување време во природа.

 

Колку време беше потребно да се реализира целиот план?

  • Ние започнавме да работиме на реализацијата уште кога бевме прогласени за победничка идеа во февруари. Работевме не само на прецизирање на локацијата, туку и на поновање правен субјект. Потоа и на набавување на потребните материјали и секако опремување на локацијата. Сето тоа траеше  до октомври кога го објавивме официјалниот почеток. Сепак работата не запре таму. И понатаму додаваме нови реквизити, ја чистиме шумата и размислуваме за нови идеи кои можеме да ги изведеме.

Дали ви се случи да посакате да се откажете?

АнаМарија: Mногупати. Често бев преморена и ми изгледаше дека процедот нема крај. Сепак се водев со мислата дека штом до овде сме стигнале, веќе сме предлабоко навлезени за да се откажеме.

Бојан: Имаше моменти кога сите обврски и задачи ми одземаа голем дел од енергијата. Особено откако целосно се посветив на проектот и сфатив колку работа нe’ чека. На крај бев воден од мислата дека ние сме оние кои го пробиваме патот и во оваа почетна фаза мораме да вложиме повеќе труд за да ги добиеме резултатите. 

Колку родителите се согласуваат децата да посетуваат градинка на отворено?

  • За сега имаме голема поддршка од родители на социјалните медиуми, но не доволно во пракса. Има само мал број родители кои го разбираат концептот. Сепак не доволно за да формираме група со која секојдневно ќе работиме. На родителите им се допаѓа идејата детето да им помине ден/два во ваква средина, но се’ уште не се подготвени целосно да се предадат и да ги оставаат децата секојднeвно преку неделата.  Затоа овој период повеќе сме фокусирани на еднодневни настани со групи од други градинки, отворени и пробни денови, настани за пошумување и слично.

 

Какви активности ќе имаат децата за време на нивниот престој во градинката?

  • Во оваа градинка ќе се оддаде фокус на физичката активност со тоа што децата ќе шетаат низ шумата најмалку 2 пати на ден и ќе си играат со реквизитите на отворено. Ќе има и едукативен дел каде што ќе учат за природата и животните, а исто така ќе бидат поттикнати на поголема одговорност со тоа што секое дете ќе има зададено задача за денот која треба да ја изврши.

 

 Дали ќе биде функционална и во зима?

  • Да, дефинитивно. Целиот концепт можеби би бил и позабавен во зима. Се што треба да се направи во тој временски период е децата да бидат соодветно облечени. Друго ништо не би им штетело. Секако, имаме и мал затворен простор каде што би можеле да се стоплат, да се напијат чај, да се исушат, да се одморат. Но забавата во зима е надвор, особено кога има снег. Кога децата се изложени на поладните денови, нивните организми работат во нивна полза за да ја оддржат телесната температура. Тоа најмногу се случува кога се физички активни и така се зајакнува имунитетот и се зголемува циркулацијата низ телото.

Вашите планови во иднина?

  • Би сакале градинката да биде функционална со повеќе групи на деца и воспитувачи. Да соработуваме со поединци и организации кои ќе можат да ги поучат децата на правилни вредности и заедно да направиме позитивен траг во градот. А, ако концептот се покаже како успешен во нашиот град, би сакале да има вакви градинки и во другите.
(Аудио) Силата на еден став
Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки