ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.10.2021
Пушачите имаат поголеми шанси да се разболат од Ковид

Пред некое време читавме дека непушачите имаат поголеми шанси да се заразат од овој вирус кој нѐ демне веќе две години. Во Оксфорд е направено истражување кое покажува дека пушачите кои ќе се разболат од Kорона може да завршат во болница со поголеми компликации од непушачите.

Во студијата учествувале над 400.000 луѓе, од кои мнозинството биле активни пушачи кои пушат до 19 цигари дневно и нивната клиничка слика била драстично полоша од онаа на непушачите, па со самото тоа третманот на лекување и подолг и покомплициран.

„Нашите резултати покажуваат дека пушењето е поврзано со ризикот од развој на тешка форма на Корона вирус, како што пушењето влијае на здравјето на срцето, на развој на разни видови тумори и сите други состојби поврзани со пушењето“, вели водачот на студијата д -р Ешли Клифт.

Докторот додава дека сега е вистинското време за откажување од оваа навика од која нема никаков бенефит. Неколку совети како да го направите тоа може да видите овде: Гоце.мк – Не сте единствени што сакате да ги оставите цигарите. Еве како – (goce.mk)

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица