ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.07.2023
Пушење, алкохол, опиоиди – вечни непријатели на долговечноста
Автор: Goce Author

Ако полните 40 години и сте „зависници“ од некоја или сите следни навики: пушење, прекумерно консумирање алкохол или опиоиди, има добри шанси да не доживеете осум или девет децении.

Ова можеби не е вест, но долгорочното истражување на речиси 720.000 американски воени ветерани откри лоши животни навики – најлоши, барем меѓу поранешните војници – кои имаат поголема веројатност да страдаат од состојби како посттрауматско стресно нарушување отколку општото население.население.

За потребите на студијата, тим од научници предводени од Ксуан-Маи Нгуен од Универзитетот во Илиноис проучувале осум животни навики за кои се смета дека придонесуваат за здрав начин на живот, а тоа се физичка активност, правилна исхрана, неконзумирање големи количини алкохол, непушење, добра толеранција на стрес и добар сон, одржување на позитивни социјални односи и некористење опиоидни лекови против болки.

Осаменоста, брзата храна, лошиот сон и прекумерниот стрес во некои случаи се покажаа подеднакво лоши како пушењето или опиоидите за секој што сака да доживее длабока старост.

Физичката неактивност лоша слично како пушењето и алкохолот

Студијата покажа дека физичката неактивност е исто толку лоша како и зависноста од никотин или опиоиди.

Студијата, претставена на меѓународната конференција „Исхрана 2023“ во Бостон, покажа дека мажите во нивните 40-ти со сите осум лоши навики ќе умрат 24 години пред своите врсници кои немаат ниту една од лошите навики, а очекуваниот животен век на жените веројатно ќе се скрати до 21 година.

Македонија една од земјите со најголем процент на пушачи во Европа

Пушачите, зависниците од опиоиди и оние кои едвај вежбале имале 30-45 отсто поголем ризик од смрт, а оние кои сакале да се опиваат, лошо јаделе, не спиеле доволно или биле под голем стрес имале 20 отсто поголем ризик од смрт.

Самците постари од 40 години можат да се „опуштат“ бидејќи „недостигот на позитивни социјални односи“ е поврзан со само 5 отсто поголем ризик од смрт.

Наодите „ја нагласуваат улогата што начинот на живот ја игра во развојот на хронични болести како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања кои доведуваат до предвремен инвалидитет и смрт“.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?