
Пушењето кај младите во Македонија се претвора во сериозен здравствен и социјален проблем, со бројни негативни последици по нивното здравје и развој. Студиите покажуваат дека младите кои започнуваат да пушат на рана возраст се изложени на поголем ризик од развој на хронични болести, како што се рак на белите дробови, срцеви заболувања и други сериозни здравствени проблеми.
Никотинот, кој се наоѓа во цигарите, предизвикува брза зависност, а младите се многу подложни на ова. Раното започнување со пушење може да има трајни последици, кои влијаат на нивниот организам во текот на целиот живот. Повеќе од 30% од младите во Македонија признаваат дека започнале да пушат пред 18-та година, што ја покажува распространетоста на оваа навика.
Додатно, пушењето кај младите не е само здравствен проблем, туку и социјален. Многу од младите пушат поради притисокот од врсниците или за да се чувствуваат прифатени во својата група. Ова може да доведе до психолошки проблеми, како што се депресија и анксиозност, но и до економски товар, бидејќи трошоците за цигари често се зголемуваат и влијаат на буџетот на младите.
Употребата на тутун во Македонија загрижувачка – 45,4 % активни пушачи
Превентивните мерки и поддршката за младите се клучни во намалувањето на пушењето. Стручни лица апелираат за поголема едукација во училиштата и подобра контрола над продажбата на цигари на малолетници.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Изработил: Оливер Алексов