ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.04.2022
Работа за време на студии – идеална комбинација за полесно студирање

Денес сме на кафе дружба со Божидар Доневски. Млад ентузијаст, студент на Факултетот за медиумски науки и еден од студентите кои работат за време на своите студии. Тој е еден од многуте студенти кои за време на студирањето слободното време го користи и за работа со која си го олеснува студирањето од финансиски аспект. Божидар ја работи една од професиите кои се најбарани на пазарот во Македонија – келнер.

Божидар Доневски

Најчестото прашање кое младите си го поставуваат е колку е платена оваа професија?

Платата е флексибилна бидејќи зависи од повеќе фактори како што се возраста и трудот кој еден индивидуалец го вложува во работата што ја работи. Јас како академски граѓанин сум задоволен – истакнува нашиот соговорник.

Не е срамота да се работи за време на студии, од секое искуство има што да се научи

И ова работно место си носи своја тежина како и секое друго. Сепак, тоа зависи од самата посветеност, фокусираност и самиот труд кој личноста го вложува во професијата. Неговата моментална професија не е крајната цел, таа е само дел од една успешна приказна.

Мојата моментална професија е само дел од мојот живот и секојдневие во овој период, а кариерата ми е сепак во друга насока. Сепак, има многу позитивни работи од оваа работа и секојдневно учам. Имате можност да се стекнете со подобри комуникациски вештини, толерантност, организираност, снаодливост, брзина, точност и многу други важни особини кои треба секој поединец да ги поседува. Работата ми носи нови искуства кои ме учат на нешто во животот.

Како млад човек и студент, тешко ли е да се направи баланс помеѓу работата и студиите?

Понекогаш може да биде тешко да се воспостави баланс помеѓу двете работи, но доколку сте опкружени со позитивен, едуциран и толерантен круг на луѓе како што се професорите, соработниците, колегите и пријателите, балансот нема да ви претставува проблем.

Пораката која Божидар ја испраќа до секоја млада индивидуа е:

Можностите и приликите се насекаде околку нас, од нас зависи дали ќе одбереме да ги видиме и креираме нешто убаво и значајно. Затоа, на сите млади им посакувам да гледаат со широко отворени очи за да можат да ја видат секоја преспектива и од неа да го извлечат најдоброто. Сепак, самите си ги креираме сопствените приказни, а мојата нема да заврши овде.

 Инаку, „Гоце.мк“ направи истражување за најбараните занимања, односно занимањата со најголем број на слободни места. И според податоците кои ги добивме, се докажа дека многу слободни места има за професијата на Божидар.

Освен келнер, голем број на слободни работни места има и за: шанкер, општ работник, продавач, хигиеничар

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик