Во Словачка се одржува Третата работна средба на тимот за управување со проектот NEWAVES, кој влегува во својата завршна фаза. Домакин на средбата е Универзитетот од Тренчин “Александар Дубчек”.
Претставници на учесниците во проектот од Португалија, Северна Македонија, Хрватска и Словачка на работната средба во Тренчин акцент ставија на подготвеноста на платформата за пробна работа. Практично во наредниот период, до 7 февруари, ќе се реализира тест период.
Меѓународен проект креираше платформа за ресурси за локалните радио станици во Европа
Во оваа фаза, радиопартнерите од четирите држави ќе можат да тестираат како функционира платформата, да ги проверат подготвените материјали и да дадат мислење за онлајн курсевите. После ова, ќе може да се оди и во фазата на посета на курсевите од страна на медиумските работници во локалните медиуми.
Членовите на Конзорциумот на проектот NEWAVES ја посетија и Словачката Радио и Телевизија .
Последната , финална работна средба е предвидена за месец мај во Осиек, Хрватска, со што проектот практично влезе во завршната фаза, а активностите треба да бидат завршени до јуни годинава.