ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.03.2024
Рагби клубот Вардар против Партизан за помош на радовишанката Сандра

Рагбито во Македонија е спорт кој сѐ уште е непознат помеѓу и кој допрва треба да се развива.

Моментално постојат пет рагби клубови во земјава, а еден од нив е Рагби клуб Вардар.

Долгорочна цел е формирање на Рагби лига, а клубот Вардар ќе го одигра својот прв натпревар и тоа против српскиот вицешампион Партизан во натпревар кој ќе се одигра на 16 март од 15 часот на стадионот Млади Лавови во Ѓорче Петров во Скопје.

Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер каде ќе биде поставена кутија за донации за Сандра Дејановска од Радовиш која моментално е на лекување во Турција.

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Започнува финалната серија за одбојкарската титула , Струмица – Штип УГД