ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.06.2023
„Рамштајн“ не е добредојден во Берлин
Автор: Goce Author

Концертите на „Рамштајн“ во Берлин да бидат откажани, бараат над 100.000 потписници на петиција, пордаи обвинувањата за злоупотреба против Тил Линдеман.

Берлин не треба да стане место за сексуална злоупотреба – ова го бараат околу 100.000 луѓе во една петиција. Во средината на јули Рамштајн ќе настапи на Олимпискиот стадион, но за многумина веќе не се добредојдени.

Кон средината на јули, „Рамштајн“ трипати настапува во Берлин, како дел од овогодинешната европска турнеја. Концертите, кои однапред се распродадоа, останаа во сенка на обвинувањата за злоупотреба против фронтменот на бендот, Тил Линдеман. Во две петиции, кои досега ги потпишале околу 100.000 луѓе, се бара: „Концертите на „Рамштајн“ да бидат откажани! Берлин не смее да стане место за сексуална злоупотреба! Не ги славиме насилниците“.

Пејачката и бендот ги отфрлаат обвинувањата. Во меѓувреме во целиот случај се вклучи и државното обвинителство кое ја води истрагата. Сојузниот министер за семејство Лиза Паус не верува дека обвинувањата против пејачот на Рамштајн Тил Линдеман се изолиран случај. „Без прерана пресуда за конкретниот случај, како што ја перципирам дискусијата, имаме структурен проблем на концертната сцена, за што конечно се разговара“, изјави министерот за таблоидот „Билд“. Паус смета дека е одговорност на организаторите „првенствено да ја заштитат младата публика“.

„Концертите на „Рамштајн“ да бидат откажани, Берлин не е место за злоупотреба!“

И комесарот за антисемитизам на германската влада, Феликс Клајн, исто така ги коментираше барањата за откажување на концертот: Во интервју за медиумската група „Функе“, Клајн рече дека „со прашање е дали планираните концерти „Рамштајн“ во Берлин треба да бидат одржан на Олимпискиот стадион со кој стопанисува државата“.

„Антидемократските дискриминации како што се антисемитизмот, мизогинијата и расизмот често одат рака под рака“, вели Клајн. „Треба сериозно да ги сфатиме жените кои биле жртви, исто како што треба сериозно да ги сфаќаме Евреите кога станува збор за антисемитизмот“, рече омбудсманот за антисемитизам. „Не смееме да дозволиме границите на она што може да се каже и направи да се поместуваат подалеку и подалеку. Дури и ако тоа се прави под превезот на уметничката слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rammstein (@rammsteinofficial)

Во меѓувреме, 60-годишниот фронтмен на Рамштајн Тил Линдеман ангажираше адвокати. „Во неколку наврати се тврдеше дека жените на концертите на Рамштајн биле дрогирани,  со т.н. нокаут капки или алкохол за да му овозможиме на нашиот клиент да изврши сексуални дејствија врз нив. Тие тврдења се невистинити без исклучок“, се вели во соопштението на адвокатите на Линдеман.

Жените кои сега добиваат пошта од адвокатите на Линдеман добиваат и поддршка од познати личности. Со цел наводните жртви да не бидат заплашени од судските такси, Јутјуберот Ризо, актерката Нора Чирнер или комичарката Каролина Кебекус повикуваат на донации преку Инстаграм. „Да се ​​обезбедат еднакви можности“, објаснува Нора Чирнер.

Обвинителството го истражува фронтменот Тил Линдеман

По извештаите за обвинувањата против фронтменот на Рамштајн, берлинското јавно обвинителство отвори истрага против него. Ова се прави врз основа на повеќе кривични пријави, се вели во соопштението.

Во изминатите неколку недели, неколку жени излегоа со сериозни обвинувања против Линдеман. Една од нив е Шелби Лин од Северна Ирска. Таа во интервју за Дојче веле зборува за последиците од нејзините изјави за забавата зад сцената на концертот на „Рамштајн“ во Литванија. „Добивам застрашувачки пораки и смртни закани. Пораки како „Сакам да те најдам и да те силувам“. „Се надевам дека ќе умреш“ или „лажго, курва, групи, што очекуваш кога си така облечена?“

EXIT од 2023 со фестивал и во Македонија

Шелби Лин не дозволила таквите закани да ја заплашат: „Она што ми е гајле е овие гласови конечно да се слушнат“. А ако тоа значи дека треба да бидам личноста која ќе се соочи со налетот на омразата, не ми е гајле.“ секс со пејачка. Бендот ги негира сите овие обвинувања.

Според министерот Паус, случајот открива фундаментален проблем. „Некои јавни настани не се организирани на начин што жените и девојките навистина се чувствуваат безбедно“. Има „ѕвезди кои очигледно ги злоупотребуваат своите позиции на моќ над жените“. И едното и другото мора да се сменат, бара министерот за семејство.

Сепак, критиките не го нарушуваат успехот на бендот: на најновата листа на Топ 100 албуми, „Рамштајн“ повторно е претставен со шест од осумте студиски албуми. И сите тие значително напредуваа на листата.

Богатите повеќе придонесуваат за глобалното затоплување
(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година