ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.01.2022
Распишан Конкурсот за Фестивал за творештво за деца и млади

Распишан е Конкурсот за Меѓународниот фестивал за творештво за деца и млади, кој ќе се одржи на 21 март оваа година во Скопје, а во истиот термин ќе се одржи и интернационалната онлајн трибина на тема “Литературата за деца и млади денес – тенденции, специфики и перспективи”.

Во рамките на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност  “ИНАКУ” – Скопје започнат  е Меѓународен проект за литература за деца и млади во кој ќе бидат вклучени голем број истакнати универзитетски професори и писатели од земјава и странство.

Реномирани автори од Македонија вклучени во проектот

Од земјава во проектот се вклучуваат голем број автори како: проф.д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Мито Спасевски, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Александар Прокопиев, проф.д-р Благица Петковска, Александар Поповски, Горјан Петревски, проф.д-р Христо Петрески, доц.м-р Трајче Кацаров, проф.д-р Елизабета Бандиловска, проф.д-р Виолета Мартиновска, Виолета Танчева Златева, д-р Даниела Андоновска Трајковска, д-р Ана Петреска, д-р Милена Ристова Михајловска, д-р Лили Бошевска, проф.д-р Виолета Николовска, Билјана Станковска, м-р Огнен Неделковски, м-р Весна Бошковска, Весна Мундишевска – Велјановска, Славица Дабевска – Ќировска, м-р Ели Маказлиева, м-р Славица Урумова Марковска, Јадранка Клисарова, Лили Арсова, Филип Димкоски и други.

Исто така се вклучуваат и голем број автори и од другите земји како Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Германија, Словенија, Полска и Словачка.

Наскоро ќе биде распишан и Конкурсот за наградата „Силјан Штркот” за најдобра критика и есеј за книга за деца. Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје, постои веќе неколку години и веќе има успешно реализирано повеќе проекти.

Искра Донева: Болниците не ме обесхрабрија, а образованието ми го трасираше патот

Исто така, во подготовка е новиот број на меѓународното списание за книжевноста за деца Нов круг.

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје, постои веќе неколку години и веќе има успешно реализирано повеќе проекти.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?