ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.07.2025
Расте интересот за запишување на факултет
Автор: Goce Author

Статистиката покажува дека расте интересот за запишување на факултет, според податоците за академската 2024/25 година. Податоците исто така покажуваат дела интересот е најголем за студирање медицина, поголем дел од запишаните се студентки.

Фото: Миа

Во 2024/25 на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Над половина од запишаните,  31 734 или 59,3 отсто,  се студентки.

Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на факултет на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи.

Студентите сакаат квалитетни универзитети и измени во финансирањето

– Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14 644 студенти или 27,4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.

Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13 371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10 839) и на информатичко-комуникациски технологии (8875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија