
| „Шубо Ви е вас музичко си пеете свиркате секој ден”
„Имав искуство каде што по предмет што сум имала и добивала 1ви награди, професорка пред 40 студенти ме брука дека џабе им ги трошам парите на моите и дека сум глува и не слушам. Повеќе треба?😂😂😂“ |

Ова се само дел од карактеристичните одговори во анкетата за состојбите во уметничкото образование во Македонија, во која учествуваа студенти од музичките и ликовните академии, како и средношколци од уметничките училишта. Сепак, меѓу многуте одговори за потребата од пракса, инструменти, прилагодување на студиските програми на современите текови и потреби, потребата од поголемо присуство и учество на студентите и учениците на културни настани, еден одговор можеби дава најдобра насока за тоа што е секогаш потребно:
| „Расте уметничкиот свет, мора да растеме и ние, „така било у мое време“ не врви веќе„ |
Специфичноста на уметничките академии, на уметноста како професија, на начинот на кој се третира уметноста и уметниците, очекувано се рефлектира и кога е во прашање образовниот процес во овие области. Иако, во дел од ставовите и мислењата на студентите, средношколците, вработените во овој сектор, се препознаваат генералните состојби кога се во прашање студиските програми во високото образование, сепак, токму специфичностите на музичката, ликовната професија се тие кои даваат поинаков белег, кој е клучен за креирање на образовен систем по мерка на уметниците и уметничките институции.
Една константа кога се во прашање состојбите во образованието, е онаа за студиските програми. Најчесто, мислењета се за нивна неприлагоденост на потребите на реалниот сектор, во случајов на она што го диктираат современите уметнички текови. Во теорија, студиските програми на Музичките и уметничките академии во Македонија не се ништо поразлични од оние кои се во светот, а за да се усогласуваат и со современите музички текови, постојано се прави нивна реакредитација, вели проф. Д-р Златка Митева, деканка на Музичката академија на УГД.
Во дел од одговорите на учесниците во анкетата, преовладува и мислењето дека сакаат да се иселат од државата. Еве дел од причините:
| „Заради тоа што во оваа држава за да завршам факултет потребни се многу пари и една партиска книшка која ќе ти овозможи работа“
„Затоа што сакам да стекнам поголемо знаење, и тоа знање што го имам да го предадам на децата што сакаат да ја изучуваат таа струка“ „Надоградување и поголема можност за успех. Уметниците, професорите тука се неценети и условите за работа се минимални и лоши“ „Сметам дека условите за кариерен напредок се поголеми и факултетите работат со понапредна програма која е во корист на уметниците“ |
И според професорот Ангеле Михајловски од Музичката академија, не е едноставно да се задржат младите по секоја цена во државата:
Втората константа за која се говори кога е образованието во прашање, е праксата. Теоријата без практичниот дел не значи речиси ништо, па затоа чести се реакциите од овој дел. Еве некои од нив, искажани во нашата анкета:
| „Како студентка на факултетот за музичка уметност во Скопје,на отсекот Музичка теорија и педагогија, немаме пракса за предавање на ученици, па ни никаква пракса пред публика како солисти на некаков инструмент“
„Учам во факултет за музичка уметност, пракса е поим за нас“ „Сум завршил нижо музичко , средно музичко образование , а моментално сум апсолвент на Факултет за музичка уметност и сите овие години преку образованието не сум стекнал ни минута пракса или искуство“ |
Професорите од Музичката академија на УГД, практично најмладата музичка академија во Македонија, сметаат дека праксата е добро предвидена во студиските програми, и се реализира во рамките на академијата, но прашањето е повеќе колку самата држава има културни и уметнички институции во кои студентите и идни уметници не само ќе добиваат практични знаења, туку во иднина и ќе работат:
Вложувањето во уметноста не секогаш е приоритет во државата, во која има се помалку културни институции квалитетно поддржани од самата држава. Тоа се одразува и на локално ниво, каде исто така се потребни институции од областа на уметноста:
Специфичноста на уметничките академии се покажува во многу области, а една од нив, покрај праксата и студиските програми, е дека и самите професори се своевидни промотори на академиите. Токму поради тоа, еден од приоритетите на академиите треба да е и ангажирањето на реномирани музички и уметнички имиња, кои сами по себе се дополнителна вредност на системот на уметничко образование.