
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид упати интересна понуда до швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.
Фото: Twiter Roger Federer
Идејата на „кралскиот клуб“ е Федерер својот последен меч да го одигра на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ против Рафаел Надал, голем навивач на тој клуб.
Со ова најверојатно би бил срушен рекордот по број на гледачи на еден тениски меч. Во моментов читаат 52.000 фанови кои го следеа егзибицискиот меч меѓу двајцата тенисери во Јужна Африка.
Според планот, новиот „Сантијаго Бернабеу“ треба да има капацитет од 81.040 седишта, а рекордот би можел да биде надминат за речиси 30.000.
Да потсетиме, Федерер претходно најави дека Лејвер купот ќе му биде последно натпреварување, а потоа и крај на професионалната кариера.