Љубљана е главен град на Словенија и важи за еден од најмалите главни градови во Европа. Никогаш не е преполно – но и никогаш досадно. 50.000 универзитетски студенти му даваат младешка привлечност на градот, а како економски и културен центар на Словенија, има што да им понуди на локалното население и на посетителите.
Некои од главните атракциите кои може да ги посетите во Љубљана се:
Љубљанскиот замок, кој стои на рид над градот околу 900 години, е главната атракција на Љубљана со бројни меѓународно признати сертификати за одржливост. Замокот нуди едни од најубавите погледи на градот, додека во него се сместени музејска изложба за словенечката историја, музеј на кукли и голем број историски простории како капелата Свети Ѓорѓи, Затворот и соба за видео презентации наречена Виртуелен замок. До овој замок може да се стигне со жичара, а доколку сакате да се раздвижите може да одите и пеш.
Змејскиот мост, украсен со статуи на змеј, се појавува на најпрепознатливите слики на Љубљана. Четирите статуи на змејови, кои изгледаат малку застрашувачки се ремек-дело на овој мост. Мостот е уникатна креација која се смета за извонредно парче на културно наследство и врвен пример на архитектурата Art Nouveau, која својот пик го доживеала крајот на 20 век. Изграден помеѓу 1900 и 1901 година, тој беше првата армирано-бетонска конструкција во Љубљана и еден од најголемите мостови од тој вид изграден во Европа. Во времето на неговото отворање, тој бил наречен Јубилејен мост на императорот Франц Јозеф I. Тоа беше првата градба во Словенија што беше поплочена со асфалт.
Секој петок од средината на март до крајот на октомври, плоштадот Погачарјев трг е домаќин на уникатен пазар на храна каде готвачите од словенечките ресторани подготвуваат различни јадења од целиот свет. На овој настан може да се најде секаков вид на храна , од традиционална до брза кујна, од солени до благи работи, оваа атракција вреди да се посети
Љубљана е веројатно еден од ретките градови во светот чијшто централен градски плоштад е украсен со статуа на поетот, Франс Прешерен (1800–1849), кој пишувал претежно на словенечки и бил еден од најголемите европски романтичарски поети.
На пат кон Љубљана, реката тече низ уникатниот природен пејзаж на Љубљанските мочуришта. Нејзиното корито е едно од најважните словенечки археолошки локалитети. Со ископувањата се пронајдени предмети кои датираат од праисторијата до раниот модерен период. Археолозите веруваат дека реката некогаш имала култен статус. Срцето на општествениот живот на Љубљана се насипите на реката Љубљаница, густо расфрлани со живи кафулиња кои нудат седење на отворено. На реката се наоѓа и мост каде што можете да закачите љубовни катанчиња за да го овековичите вашиот спомен.