ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.09.2022
Репортажа од градот кој е срцето на Европа – Прага

Прага е главен град на Чешка и лежи во срцето на Европа бидејќи претставува еден од најдобрите градови на континентот и главен чешки економски и културен центар. Градот има богато архитектонско наследство што ги одразува и неизвесните текови на историјата во Бохемија и урбаниот живот кој се протега пред повеќе од 1.000 години.

Карлов Мост

Физичките атракции и знаменитости на Прага се многу

Меѓу најпознатите е Карловиот мост (Карлови мост), кој стои на горната страна на реката В’лтава. Кривулестиот тек на В’лтава, со низата мостови и променливите глетки, е во контраст со секогаш присутната позадина на големиот замок Храдчани (Прашкиот замок), кој доминира во регионот на левиот брег на градот зад масивните ѕидови поставени високо на еден рид. На мостот може да се видат и многу споменици од кои, статуата на Светиот Џон од Непомук е поставена во 1683 година на северната страна на Карловиот мост во Прага, Чешка и е првата од многуте барокни слики на светци што беа поставени на мостот. За оваа статуа се верува дека доколку ја допреш и замислиш желба, истата ќе ти се оствари. По должината на мостот се наоѓаат многу локални тезги на кои се продава уникатен рачно направен накит.

Астрономксиот часовник

Една од знаменитостите која воодушевува е и Астрономскиот часовник

Шаренилото и вибрантните бои го привлекуваат вниманието на туристите. Лоциран на јужната страна на кулата на стариот градски плоштад, средновековниот часовник отчукува на секој еден час, при што поворката на дванаесетте апостоли тргнува во движење. На само неколку метри се наоѓа и Старата градска кула. Скоро 70 метри висока масивна призматична кула, која датира од 14 век, е доминантна карактеристика на Стариот градски плоштад навистина на целиот плоштад. Галеријата за гледање на кулата нуди прекрасен поглед на градот; можно е да се видат катедралата Тин или црквата Свети Никола, а исто така можете да му се восхитувате на Прашкиот замок во далечина или да бидете изненадени од мноштвото кули, кубиња и куполи наредени во разновидна архитектура на Прага. Кулата на Градското собрание е единствената средновековна кула во Прага која е целосно достапна за инвалидски колички.

Поглед од Карлов Мост

Афтентичниот  изглед на почетокот на 20 век сè уште може да се види во еден од најубавите хотели во Прага – хотелот Париз во историскиот центар на градот. Деталите од Арт Нову ја красат оваа спектакуларна неоготска зграда од 1904 година, дизајнирана од архитектите J. Vejrych и A. Pfeifer. Бидејќи хотелот е прогласен за историски споменик, тој сè уште може да се пофали со својата оригинална внатрешна декорација.

Хотелот Париз

Прага е позната по својот културен живот. Таму живеел Волфганг Амадеус Моцарт, а неговата Прашка симфонија и Дон Џовани првпат биле изведени во градот. Покрај тоа, лирската музика на големите чешки композитори Бедрих Сметана, Антонин Дворжак и Леош Јаначек се одбележува секоја година на пролетен музички фестивал. Салонот за пиво U kalicha („Кај Чалисот“), кој сè уште е популарен кај локалните жители и кај туристите, го обезбеди амбиентот за хумористично антиавторитарните активности на Швејк, овековечени од романсиерот Јарослав Хашек во Добриот војник Швејк. Списите на Франц Кафка, кој пак има и свој музеј, на поинаков начин ги задржуваат  дилемите и неволјите на модерниот живот.

Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид
Маск го спореди Сорос со Палпатин од „Војна на звездите“