ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.07.2022
Резултати од анкета ЗА или ПРОТИВ Францускиот предлог
Автор: Goce Author

Гоце.мк изминатиот период спроведе онлајн анкета на неколку прашања од најакутелната тема за или против Францускиот предлог за Македонија.

Интересно е што многу мал број на граѓани одговорија на анкетата, а огромен број од нив пишуваа во коментари или во директни пораки на Фесјбук.

Анкетата ја одговорија само 23 луѓе, но околу 40 луѓе оставија коментари на социјалните мрежи и преку околу 30 луѓе ни пишаа во пораки.

Од сите кои ни пишаа во коментари нема ниту еден коментар кој го подржува предлогот. Коментарите можете и сами да ги погледнете на Фејсбук.

Од оние кои ја одговорија анкетата има различни мислења. Само третина од анкетираните го прочитале целосно предлогот, а исто толку се информирале само преку медиумите.

Од анкетираните само 17.4% се согласуваат во целост со предложеното.

Дел од нив оставија и коментари:

  • Треба да се има гаранции за јазикот, историјата и напредокот во ЕУ и да не биде едностран во корист на БГ
  • Нема решение, само одбивање!
  • neka ne ni se meshaat vekje
  • Покрај сите предлози и барања од страна на Бугарија и останатите земји кои имаат проблем со влегувањето на Македонија во ЕУ, сметам дека треба да останеме свои на своето и да го зачуваме барем тоа ,,малку” што ни’ остана.

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање