ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.02.2026
Резултатите од Индексот на корупцијата 2025 се аларм за младите

Корупцијата не е апстрактна „политичка тема“ — таа е реалност што ја обликува иднината на твоето образование, работни можности, правичноста на судовите и довербата во институциите. Ако младиот човек во Македонија сака фер пристап до работа, здравство и услуги — тогаш разбирањето на корупцијата и туркањето на системот напред е обврска а информирањето за нивото на корупцијата е клучно во процесот кон подобро општество.

Што покажува CPI 2025?

  • Индексот на перцепција на корупцијата (CPI) ја мери перцепцијата за корупцијата во јавниот сектор во 182 земји на скала од 0 (високо корумпирана) до 100 (многу транспарентна)
  • Глобалниот просек е 42 поени, што значи дека повеќето земји имаат проблеми со корупцијата.
  • Македонија има 40 поени и 84-то место, што е практично непроменето од 2024 (40 поени, 88-мо место).

Од соседите:

    • Србија со 33 поени и најлош резултат во последните 20 години.
    • Албанија 39 поени.
    • Бугарија исто 40 поени.
    • Србија и Босна и Херцеговина — полоши од Македонија.
    • Грција повисоко со 50 поени.
  • На врвот се Данска (89), Финска (88) — примери на транспарентни системи што младите треба да ги изучуваат и копираат.
  • На дното — Јужен Судан, Сомалија, Венецуела… каде корупцијата е системска.

 Што значи корупцијата во реалниот свет?

  1. Корупцијата ја прави нечесноста поефикасна од трудот.
    Ако системот ги наградува „они со врски“ наместо најспособните, тогаш твоето образование или талент ќе вредат помалку.
  2. Проблем во правосудниот систем значи помали шанси за правично решавање на спор.
    Лоша ситуација со независното судство значи дека корупцијата често не се санкционира — а тоа го демотивира секој човек, што бара правда. Младите овде се особено погодени, затоа што по правило се бунтовници за правда и правичност.
  3. Граѓанското општество и независните медиуми се под притисок.
    Корумпиран систем прво се „пресметува“ со граѓанското општество (невладин сектор) и медиуми. Овие два столба на демократијата мора да се под силен притисок за да корупцијата „да цвета“.
  4. Општествената поделба расте.
    Корупцијата ја зголемува нееднаквоста — богатите добиваат повеќе, оние без моќ остануваат маргина. За млади кои се обидуваат да се пробијат — тоа е реален ѕид пред нив.

Зошто генерација Z се буни?

Младите низ светот неодамна излегоа на протести против корупцијата — особено во земји со намалени или стагнирани индекси. Тоа не е „мода“ — тоа е реакција на систем што не функционира за обичните луѓе.
Генерацијата Z ја гледа неефикасноста на институциите, и тие не само што бараат промена — тие ја бараат одговорноста на оние што ја уништуваат јавната доверба.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?