ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.02.2022
Резултатите од скрининг тестирањата подобри од очекуваното
Автор: Goce Author

Скринингот во основните школи во Скопје е завршен  резултатите се подобри од очекуваните. Помалку од 1 процент од тестираните деца биле позитивни на Ковид.

Фото: Adnkronos

Министерот за здравство имаше дадено изјава дека ако се биде според очекуваното, тогаш наставата ќе продолжи со физичко присуство.

На денешен ден пред две години беше регистриран првиот случај на Ковид во државата. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се регистрирани 517 заболени од направени 2.669 тестови.

Ќе го промени ли пандемијата високото образование?

Надлежните се оптимисти дека бројот на заболени од Ковид ќе продолжи да се намалува и ситуацијата ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата.

Во тек е скринингот на граѓаните низ градовите во Македонија, а резултатите се очекуваат до крајот на наредната недела. Се очекува и олеснување на рестрективните мерките.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?