ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2022
Родители Роми од Европскиот суд добија пресуда за сегрегација
Автор: Goce Author

Европскиот суд за човекови права пресуди за во корист на родители Роми за сегреација во основни училишта во Штип и Битола.

Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Македонија.

Судот утврди дека две основни училишта го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). Тоа се училиштата „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип. На секое домаќинство му е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

„ Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР). Овој центар претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип. Овие одлуки беа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда. Задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа“ изјави правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали.

Фото: YouTube

Сегрегацијата и дискриминацијата на Роми ја има и во Европа, но правниот систем е поразвиен од нашиот

Сали минатата година во едно интервју потенцираше дека непознавањето, непримената како и неправилната примена на судската пракса на судот во Стразбур од страна на домашните судии е дополнителен проблем кој се јавува при застапување на случаи на дискриминација на домашно ниво. Исто така дискриминацијата на Ромите е присутна и во европските држави, но тие имаат поразвиен правен систем.

Предрасуди се уште владеат кај голем дел граѓани

Факт е дека Ромите се најдискриминираната етничка заедница во Европа. За жал во пракса состојбата не е многу различна од држава во држава. Дискриминација и говор на омраза кон Ромите постои во Македонија, но постои и во Шведска, Белгија, Германија, Франција. Секако, овие земји имаат поразвиени правни системи и судство каде што правната разрешница е побрза и покорисна за нашите клиенти.

       Дел од нив се и членки на ЕУ, па одговорноста е двојна. Пример, за имплементација на позитивна пресуда против Франција се чека многу пократко од кај нас. Но присилните иселувања, сегрегацијата во образованието, полициската бруталност кон Ромите, се за жал реалност, како кај нас, така и таму. Она што беше навистина специфично за нашата држава беа случаите на враќање на Ромите од границите на сопствената држава. Добар дел од овие случаи беа разрешени на домашно ниво, а дел беа поднесени  во Стразбур “ – изјави тогаш Сенада Сали.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите