ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.02.2025
Родителите ќе можат да го проверат е-дневник на апликација за мобилен
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука денеска промовираше мобилна апликација за пристап до електронскиот дневник (Е-Дневник) наменет за над 200 илјади родители и старатели, што ќе им овозможи брзо и лесно да го следат образовниот напредок на децата.

Министерката Весна Јаневска рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава – оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства.

-Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или преку банер поставен на веб-страната на министерството и да се инсталира на било кој паметен уред, мобилен телефон или таблет, независно од типот на оперативниот систем. Едноставна е за користење и преку најава и автентикација со истото корисничко име и лозинка кои во моментов ги користат за пристап до електронскиот дневник, над 200 илјади родители и старатели, колку што се регистрирани досега, во секое време можат да имаат брз пристап до информации за образовниот процес на нивните деца, рече Јаневска.

Министерката посочи дека сите податоци кои се внесуваат во електронскиот дневник се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоци од тековната, но и од која било учебна година наназад.

За каква било корисничка поддршка при најавување, заборавена лозинка или дополнителни појаснувања околу примената на новата апликација, стручен тим на Министерството за образование и наука е достапен во секое време на електронската адреса ednevnik@ednevnik.edu.mk.

За гимназиското образование е отворена јавната расправа
„Пријави онлајн насилство“ – платформа за борба против врсничко насилство и говор на омраза