ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2022
Рома одлично профитираше од европската конференциска круна

Фудбалскиот клуб Рома значително профитираше со освојувањето на Лигата на конференциите.

Иако по ранг дури трето натпреварување, по Лигата на шампиони и Лигата УЕФА, сепак Конференциската лига пристојно ја пополни касата на победникот.

Рома со победата против Феенорд го освои првиот трофеј во историјата на Лигата на конференциите, а покрај трофејот, доби и многу пари за учеството во ова натпреварување.

„Волчицата“ од почетокот на сезоната до крајот на третото по ранг европско натпреварување заработи вкупно 14,6 милиони евра.

Италијанците за пласманот во групната фаза добија 2,94 милиони евра, а за секој освоен бод во групата по 166.000 евра.

Рома освои 13 бода, што значи дека доби 2,15 мил.

Првото место во групата на Рома и донесе бонус од 650.000 и минувањето на групата 300.000 евра, а пласманот во осминафиналето 600.000 евра.

Французинот Турпин ќе го суди финалето Реал – Ливерпул

Со влегувањето во четвртфиналето добија дополнителен милион, уште два милиони за полуфинале, а пет милиони евра за победа во натпреварувањето.

Сепак, ова не е сè!

Во оваа сума не се вклучени парите добиени за ТВ права како и бонусот за европски коефициент.

Кога се ќе се собере, вкупната бројка ќе биде околу 20 милиони евра.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба