
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо планира да купи голем комплекс терени за голф лоцирани веднаш до неговиот имот на португалската ривиера во Квинта да Мариња.

Фото: Instagram Cristiano Ronaldo
Роналдо, чија вила во родната Португалија ќе вреди 17 милиони фунти, почна да го спроведува големиот план. Ѕвездата на светскиот фудбал моментално е во завршни преговори со сопственикот на клубот за голф кој планира да го купи.
Португалецот сака да купи луксузен клуб за голф само за да го урне бидејќи тоа му го расипува погледот. Асот на Манчестер Јунајтед најави дека ќе ја пресели целата зграда и паркинг на голф клубот на друга локација.
Роналдо одамна обезбеди приватност и изгради импресивен замок за да има се што ќе посака во пензија со своето семејство. Фудбалерот најави дека ќе се врати на живот во родната земја.

Голф клуб Quinta da Marinha
Фото: Golf Punk
Покрај тоа што ќе ја урне луксузната зграда која е изградена до теренот за голф, Роналдо таму ќе изгради и гаража со лифтови. Гаражата ќе има 30 паркинг места и тој ќе го избере автомобилот што сака да го вози тој ден со притискање на копче.
Работата треба да заврши на почетокот на следната година. Иако не е објавено колку ќе чини купувањето и рушењето на голф клубот, медиумите наведуваат дека тоа не е пробле. Тпоа значи дека Роналдо ќе се согласи на што и да побара сопственикот на клубот, Мигел Шампалимо.