ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.03.2024
Роналдо нема да учествува на натпреварот Португалија против Шведска
Автор: Goce Author

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо нема да учествува на пријателскиот натпревар со Шведска, објави „ESPN“.

Што се случи?

Португалскиот селектор Роберто Мартинез ќе му даде малку одмор на 39-годишниот напаѓач. Тој го вклуччи освојувачот на ,,Златната топка,, во неговиот прелиминарен тим од 32 играчи, но сега го изостави од следниот натпревар на неговиот тим против Шведска. Роналдо ќе им се придружи на Diogo Dalot, Joao Cancelo, Danilo Pereira, Otavio, Ruben Neves, Vitinha and Joao Felix, на листата на играчи кои се одмааат за следниот пријателски натпревар. Роналдо ќе му се приклучи на националниот тим во пресрет на натпреварот против Словенија.

Репрезентацијата на Португалија на 21 март ќе игра на домашен терен против Шведска, а на 26 март ќе се соочи со Словенија на гостински терен.

Во досегашната 21-годишна репрезентативна кариера Роналдо има одиграно 205 натпревари и постигнато 128 голови.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Кирил Стојанов и Климент Трајков

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?