ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.02.2022
Русите дојдоа на 20 километри до главниот град на Украина?
Автор: Goce Author

Руските сили се обидуваат да влезат на регионот околу главниот град на Украина. Операции се вршат и на белоруската граница. Германски медиуми јавуваат дека руските сили се на 20 километри од главниот град на Украина. Во време на воена инвазија тешко е да се знаат вистинските податоци, но според она што до сега го објавуваат кредибилни медиуми може да се сумираат неколку работи:

Експлозија во близина на Киев

  • Во телевизиско обраќање претседателот на Русија, Владимир Путин најави „специјална операција“ на Донбас.
  • Ракетни напади и експлозии се пријавени првпат утринава во 4.45 во повеќе украински градови, вклучувајќи ги Храков и Киев.
  • Украинскиот претседател Владимир Зеленски, прогласи вонредна состојба во земјата, а министерот за надворешни работи на земјата порача дека Русија започна голема војна.
  • Американскиот претседател Џо Бајден, ги осуди нападите и истакна дека Русија е одговорна за крвопролевање. Воедно најави нови санкции и помош од сојузниците на САД.
  • Река од луѓе е забележано на излезот од главниот град на Украина во обид да го напуштат градот. Медиумите јавуваат за масовни бегства од градот, а дел од населението е во скривници.
  • Најмалку 40 граѓани на Украина загинале во нападите до сега, а властите на Украина јавуваат дека загинале 50 руски војници.
  • САД, ЕУ и Велика Британија ги најавија најголемите санкции кон Русија во досегашната историја.

Според извори од Украина, Русија напаѓа со ракетниот систем Град, а и со воени хеликоптери кои напаѓаат цели во близина на Киев. Според истите извори срушени се три хеликоптери. Германски медиуми јавуваат дека русите се на 20 километри од Киев.

Нападите почнаа од рано утринава и русите напаѓаат од повеќе извори, а подржани се од сепаратистите и од Белорусија. Во оваа огромна операција нападнати се повеќе градови на Украина, паѓаат ракети во најголем дел од нив, а населението ги напушта населените места.

Забележана колона возила на излезот од Киев

Според Украински извори русите погодиле станбен комплекс каде загинале многу цивили. За ова сведочат фотографии кои на Твитер ги споделува украинскиот фотограф Александар Лоурие.

Работна средба на проектот NEWAVES во Словачка
(Видео) Фотограф од Турција го овековечи Штип во фотографии