ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.02.2022
Руската спортистка која беше позитивна на допинг: По грешка се напив од апчињата на дедо ми
Автор: Goce Author

Русинката Камила Валиева која се натпреварува во уметничко лизгање, а беше позитивна на допинг, се брани дека по грешка се напила од апчињата на својот дедо.

Камила Валиева

На сослушувањето таа тврдела дека по грешка го зела лекот за срце на дедо си. Аргументот го изнела на сослушувањето пред Судот за спортска арбитража.

Ѓоковиќ: Не сум антиваксер, но ќе ги жртвувам сите трофеи ако бидам приморан на вакцина

Меѓународниот олимписки комитет неодамна соопшти дека на спортистката треба да и се направат и дополнителни анализи кои ќе бидат поткрепа на првичниот резултат.

Спортистката била тестирана на државното првенство на 25ти декември, но позитивниот тест на забранетиот лек е откриен дури на 8ми февруари, откако веќе се натпреварувала на Олимписките игри во Пекинг.

Според одлуката на Меѓународниот олимписки комитет доколку Камила освои некој медал на овие игри доделувањето нема да се одржи во текот на овие игри.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски