Продавниците и кафулињата низ Канада и САД одлучија повеќе да не продаваат руска вотка, што е израз на незадоволство од нападот врз Украина.
Министерот за финансии на Онтарио, Питер Бетленфалви, побара водката и другите руски алкохолни пијалоци да се повлечат од сите продавници.
„Онтарио им се придружи на сојузниците на Канада во осудата на агресијата врз украинскиот народ и силно ја поддржуваме федералната влада во нејзините напори да ја санкционира руската влада. Ќе останеме со Украинците во овие исклучително тешки времиња“, рече министерот Бетленфалви.
Алкохолните пијалоци ќе бидат повлечени од речиси 700 продавници во Онтарио. Лидерот на Либералната партија во оваа канадска провинција Стивен Дел Лука изјави дека Онтарио не може да каже дека е навистина со Украина се додека е клиент на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Кликс.
Забраната се бара и во други делови на Канада, како што се Манитоба, Њу Бранзвик, Британска Колумбија и Њуфаундленд. Вицепремиерот на Британска Колумбија Мајк Форнворт истакна дека овој регион веќе го забави увозот на алкохол од Русија.
После окупацијата на Чернобил забележано зголемено ниво на радијација
Рускиот алкохол се повлекува и од американските продавници и кафулиња. Меѓу другото, тоа е случај и во државите Канзас и Орегон. Сопственикот на кафеана го снимил како истура вотка.
Според сопственикот на кафулето, Бил Мекормик, „Русија се чини дека е во 1939 година и е загрижена за инвазија на други земји“. Тој истакна дека истурил и вотка и дека поради тоа изгубил стотици долари. Меѓутоа, како што тврди, таквата форма на протест му значела многу, пренесува Fox News.