ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.09.2023
Се обучуваат наставнците да препознаваат булинг
Автор: Goce Author

Општина Центар спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство (булинг). Обуките се одржуваат во соработка со Здружението „Европски соѕвездија“ во КСП Центар –Јадро од страна на универзитетски професори.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски истакна дека на  самиот почеток на учебната година наставниците и стручните соработници од училиштата посетуваат тридневни обуки за  препознавање и решавање на случаи на булинг.

Фото: Општина Центар

Врсничкото насилство е сериозен проблем на кој ние како локални самоуправи, под чија надлежност се основните училишта, имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност во образовните установи.  Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството. Нашата цел е тоа да не се случи. Сите имаме одговорност, воспитувањето доаѓа од дома, но и вие како наставници и стручни служби мора да укажете и превенирате за она кое ние го пропуштаме. Очекувам од вас како наставен и стручен кадар да внимавате на овие појави во училиштата и постапите соодветно со цел безболно решавање на ситуациите, им порача Герасимовски на кадарот што ги посетува обуките. хс/лв/

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?