Во рамките на проектот „Направи разлика“, Фондацијата за развој на локална заедница (ФРЛЗ) во Штип организира „Форум за млади“, поддржан од УСАИД, а во партнерство со Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочани-Виница.
Целта на проектот е инклузија и вмрежување на младите преку нивно активно учество во креирање на подобра иднина. Фокусот е насочен кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози и одлуки, решавање на тековни предизвици и проблеми, предлагање иницијативи и заедничка стратешка работа за успешно решавање и реализација.
На самиот настан, младите ќе имаат можност за искажување на своите идеи и имплементирање на нивните ставови и мислења, како и можност за кревање на иницијативи.
Сите заинтересирани млади кои сакаат да направат разлика во својата заедница може да се пријават со пополнувањето на формата.
МЛАДИНСКИ ФОРУМ 24’
Вторник, 10 септември
10:30 – 11:00 Пристигнување, регистрација, кафе
11:00 – 11:15 Претставување на програмата „Направи разлика!“
Цели, резултати, што направивме досега?
Невенка Лонгурова Гирова, Извршен директор на Фондација за развој на локалната заедница Штип
11:15 – 12:00 Keynote обраќања
Искуства, успеси и предизвици
Како е да се биде дел од Младинска Банка?
Кире Јованов, спин понг – Младинска Банка Штип
Јован Лонгуров, Поврзување за подобра иднина (YouthConnect)
Ана Арсова, Иницијатива – Клупи покрај Отиња
Петар Тодев, Биз каст
Иницијатива – Новогодишен музички концерт
Милена Милорадова, Младинска банка – памп трака
12:00 – 12:45 Работа во групи (world coffee методологија)
Идентификување на локални прашања и потреби
Иницијатива од проблем до решение
12:45 – 13:15 Презентација на групната работа
13:15 – 13:30 Формирање на акциони групи
Планирани следни чекори
Борис Шарковски/Кире Јованов
13:30 – 13:45 Заклучоци, евалуација, затварање на настанот
Невенка Лонгурова Гирова
13:45 – 15:00 Закуска, неформално дружење и вмрежување