ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.10.2022
Се печатат учебници – 2 месеци од стартот на учебната година
Автор: Goce Author

Започна печатењето на новите учебници за основно образование. Само два месеци откако започна учебната година. И ова е вест, која би требало да се потрудиме да не треба да ја видиме догодина во исто време.

Неколку години по ред, хаосот во обезбедувањето на книги за учениците стана редовна слика, и колку и да звучи апсурдно и неверојатно, надлежните исто толку време не можат да обезбедат учебници на време – на 1 септември! Учениците, родителите, јавмноста, добиваат само изговори, оправдувања, виновен е некој друг, некој поништен тендер…уште да се каже дека учениците се виновни! Одговорност нема, учебници нема, реакциите завршуваат на социјалните мрежи, кучињата лаат, караванот си врви.

Впрочем, веројатно тоа е состојба која ја отсликува нашата држава, нефункционалниот систем, кој е подреден на самоодржување, зачувување на власта, фотељата, коалицијата…или пак дограбувањето до истата власт, фотеља, коалиција….

Дури и во самата информација дека конечно започнало печатењето на учебниците, провејува нишка на барање оправдување:   „…учебниците низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени…“

Нема одговорност за необезбедувањето учебници

Но, ајде, еве ја и оваа информација, која се надеваме догодина ќе ја објавиме барем во август….

Почна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година прв пат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование, информираат од Министерство за образование и наука.

Учебници недостасуваат и во средното образование

Како што велат од МОН, согласно Договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.

МОН наведува дека заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, зашто тоа, нагласува, е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите