ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.10.2022
Се појави наводниот редослед за Златната топка: Го нема Меси, а Роналдо е 12-ти
Автор: Goce Author

Иако Златната топка за 2022 година нема да биде доделена до 17 октомври, на интернет наводно се појави листа со конечниот пласман.

Фото: Flickr

Според таа листа, на прво место е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој според многу мислења е главен фаворит за наградата. Во 2022 година, Бензема го освои шпанското првенство и Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Со своите голови го предводеше Реал до двата трофеи.

Бензема, според оваа листа, освои 521 глас и извојува убедлива победа над второпласираниот Садио Мане, додека третото место го освои крилото на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

На четвртото место е офанзивецот на Ливерпул Мохамед Салах, а на петтото е напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски. Кристијано Роналдо е само на 12. место, додека Лионел Меси воопшто го нема на листата. Од играчите од регионот на листата се најде само Лука Модриќ кој е на 8-та позиција.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски