ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.08.2026
Се помалку првачиња, 26 рурални училишта се затвораат
Автор: Goce Author

Првачиња има се помалку, а оваа учебна година може да заврши со затворање на 26 рурални училишта во кои нема упис на деца во прво одделение.

Загрижувачкки податоци изнесе денеска на прес министерката за образование и наука Весна Јаневска. Алармантни се бројките на учениците во основното образование и намалувањето на бројот нучилиштета во земјава.

Весна Јаневска, Министерка за образование и наука

На прес-конференцијата во Министерставото таа рече дека бројот на запишани првачиња досега изнесува значително помалку отколку лани.

-Оваа година досега се запишани околу 14.500 првачиња. Но, тоа не е дефинитивна бројка затоа што во тек на целиот месец август и во септември ние дополнително запишуваме првачињата кои задоцниле на повикот за упис во прво одделение. Бројката е помала од лани но разликата која претходно ја кажав над 4000 веќе се намалува – рече Јаневска.

10 општини подготвени за оптимизација на училиштата

На прашањето што ќе се случува со училиштатата кои немаат доволно ученици таа одговори дека тие ќе се затвораат.

-Оваа учебна година очекуваме да завршиме со бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат, наводно учат, 5 – 7 – 8 деца. Различна е состојбата во различни училишта. Во моментов имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците и да се подобри квалитетот на образованието.

Веројатна е бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња

Не сакаме нивно изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен заради малиот број на ученици. Посебно ако станува збор за комбинирани паралелки каде што ученици од три различни одделенија – колку што со закон е дозволено – па да има 5 ученици – два во прво, еден во трето и два во петоо оделение – нагласи министерката.

Министерката Јаневска најави затворање на подрачни училишта

Таа објасни дека ако има можност овие деца да се приклучат на поголема група на ученици, тоа и ќе се направи. Од проста причина што тие  мора да стекнуваат образование, да се описменуваат.  Не само да читаат и пишуваат – туку и да разбираат повеќе математички процеси, да ги разбираат природните феномени, општествените појави.

-Но, не и ако училиште се наоѓа над 20 или 15 километри оддалечено од првото најблиско училиште. И ако патиштата по кои се патува се несоодветни и недостапни и што не е соодветно за мали деца од прво до петто оддление. Меѓутоа, доколку на 2,5 километри имаме централно училиште во кое учат 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое учат 18 деца, нема логика да ги чуваме заробени деца во тоа училиште – нагласи министерката за образование.

Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање
Студентски оброк 2026/2027: Отворено аплицирањето, еве ги роковите и деталите