ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.05.2022
Се развива стратегија за правата на лица со попреченост
Автор: Goce Author

Како дел од процесот на развивање на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост на Република Северна Македонија во просториите на Сојузот на Националните инвалидски организации-Даре Џамбаз во Скопје се одржа консултативна средба со сите релевантни чинители кои се засегнати со процесот на развојот на документот.

Фото: МТСП

На средбата учествуваа претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, членови на НКТ за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Агенциите на Обединетите Нации во земјата, Националните инвалидски организации, претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, граѓанските организации, родителските заедници и лица со попреченост.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост на Република Северна Македонија е дел од Владината програма за 2022 година, а носител е Министерството за труд и социјална политика со техничка поддршка на Германската развојна агенција.

Во консултативните процеси беа земени во предвид мислењата на сите учесници каде што секој го даде својот придонес. Развојот на документот ќе биде согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и комплементарна со Европската стратегија за правата на овие лица, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост.

Фото: МТСП

Позитивната атмосфера  создава услови да се изработи сеопфатна и реална стратегија која ќе биде одржлива, спроведлива и во која ќе бидат вклучени сите,  од централните и  локалните власти,  Националните инвалидски организации, граѓанските организации, лицата со попреченост, организациите на ООН. Преку дискусија заеднички е договорена  временска рамка за извршување на идните активности.

(ВИДЕО) Инклузија на лицата со попреченост – за некој вистинска борба, за некој можност за профит

Присутните соговорници постигнаа консензус дека развојот на Националната стратегија е од голема важност за лицата со попреченост, унапредување на нивните права и вклучување во  општество на еднаква основа со другите.

Сиромаштија опфаќа над 120.000 деца во Македонија
Протестен марш „И ние сме деца на Македонија“