ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.03.2022
Сè што треба да знаете пред да инвестирате во крипто валути

Денешното брзо живеење, напредокот на технологијата и секако потребата на луѓето за брзи пари, побудија интерес за инвестирање во крипто валути, во светски рамки. Какви се тие валути, како да се инвестира во нив и кои се ризиците, прочитајте во продолжение.

Нашата соговорничка, Марија Митевска, за крипто валутите истакнува: Крипто валути се било кои валути кои постојат дигитално или виртуелно а користат cryptography – криптографија за да обезбедат сигурни трансакции. Ова значи дека валутите не постојат во физичка форма како што се денари, евра, долари и слично. Тие се базирани на блокчејн технологијата која е децентрализирана. Блокчејн технологијата со ширењето на своите операции низ мрежа на компјутери, им овозможува на сите криптовалути да работат без потреба од централна власт, т.е. банка. Покрај изоставувањето на потреба од банка, со користењето на блокчејн технологијата сите трансакции се евидентирани и јавни. Ова не значи дека вашето име ќе биде јавно доколку извршите некаква трансакција-туку се води по бројот на вашиот ,,паричник” (wallet). Доколку поседувате некаква криптовалута, не поседувате ништо опипливо-туку можноста и правото да движите единици од таа валута во друга или на трето лице без присуство на банка“.

Купувајте врз основа на факти – основно правило во пазарот на крипто валути

Инаку, Марија дипломирала на насоката Сметководство и ревизија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и моментално е студент на втор циклус на студии на American University of Europe – FON, на насока Бизнис и менаџмент.

Да се штеди или да се инвестира?

Нејзиниот интерес кон новите технолошки трендови поврзани со економијата е голем. Покрај многубројните курсеви, високиот успех за време на студиите, таа направила и некои анализи и предвидувања за крипто валути. На прашањето колку се исплаќа инвестирањето во крипто валути, таа истакнува:

         „Како и секоја инвестиција така и инвестирање или купување крипто валути си носи свој ризик. Многу јасно колку е поголем ризикот толку може да е поголем приносот. Фактори кои влијаат во тоа се:  општата економска состојба, пример сега имаме криза, инфлација, војната меѓу Русија и Украина, сето ова иако можеби на прв поглед неповрзано, но и те како има огромно влијание за падот на цените на крипто валутите, социјалните мрежи и многу други. За една инвестиција во светот на криптовалути да се исплати, треба да бидеме информирани и активно да пребаруваме и истражуваме што се случува и кои се најновите предвидувања или пак да имаме огромна среќа, цената на нашата валута да експлодира преку ноќ поради непредвидливи фактори. Наједноставен совет за профитабилно инвестирање во крипто е – купувајте врз основа на факти е не врз основа на hype (возбуда) или FOMO ( fear of missing out )“.

Инвестирање во крипто валути

Пред да се инвестира во крипто валути треба да се знаат многу работи. Постојаното информирање, читање, анализи и др. се неопходни.

Марија Митевска

       „Моја препорака како некои основни работи кои треба да се запазат пред инвестирање се: да имаме план што точно сакаме да добиеме од нашите инвестирани пари-дали ќе инвестираме за на долг рок да ги видеме ефектите од таа валута или активно трејдување; Запознајте се со основните термини и аспекти на криптовалутите и разберете како работат тие, бидете свесни за bear i bull market; Информирајте се за пазарот и неговите валути, имајте повеќе сигурни извори на информации; Постојано следење на нови промени и соодветно дејствување на истите; Секогаш гледајте ја големата слика и не запоставувајте информации кои не ви се допаѓаат; Знајте кога да продадете-не бидете алчни, сетирајте лимит пред да изгубите се! Прв чекор за купување – истражете! Кога веќе знаете што сакате треба да одберете на која платформа сакате да тргувате. Некои познати се Binance, Coinbase, Robinhood и други. Понатаму креирајте сметка и сите дополнителни верификации што следуваат со овој чекор. Потоа додавате начин на плаќање и сте спремни за купување!“ – истакнува Марија.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите