
Бодовниот систем попознат како ЕКТС е опис на вашето идно академско образование изразено во бројки. Станува збор за систематски опис кој се добива со доделување на одреден број поени на секој предмет од студиската програма. Ова бодување се применува низ цела Европа.

Photo by: Freepik
,,ЕCTS’’ (European Credit Transfer and Accumulation System) преведено од англиски значи – Европски систем на пренос и акумулација на поени. Системот се заснова на обемот на работа на студентот за време на неговото совладување на целите на програмата. Програмата на секој курс е формулирана во форма на исходи од учењето: знаења, способности и вештини што ги вклучува курсот.
Системот започнал да се применува во 1989 година во Болоња, по што го доби името „Болоњски процес“. Денеска т.н „Болоња“ е составен дел на повеќето европски закони за високо образование.
ЕКТС е единствениот систем за бодови што се користи во Европа и неговата цел е да го олесни пренесувањето на поени, што има за цел поголема мобилност на студентите, бидејќи го олеснува препознавањето на периодите на студирање во други земји.
Сексуално вознемирување во академската заедница има, но не се пријавува
ЕКТС го олеснува читањето на наставната програма кога е неопходно да се споредат домашните и странските програми за студенти кои завршиле дел од студиите во странство. Ова значи, ако на пр. студираш во Македонија, а преку програма за размена на студенти поминуваш еден семестар, да речеме во Италија, ЕКТС поени што си ги заработил таму автоматски ќе ти се пресметаат и ќе бидат признаени како еднакви на твојот матичен универзитет.
ЕКТС се заснова на принципот според кој 60 поени го изразуваат обемот на работа на студентот во текот на една академска година. Обемот на студентот при совладување на одредена програма се пресметува според бројот на „работни часови“ на студентот, кој во најголем број случаи е околу 1500-1800 часа годишно и во овие случаи се доделува по еден бод/кредит за околу 25 – 30 работни часа.
Потоа се доделуваат бодови по успешно исполнување на обврските предвидени во предметот како потврда дека студентот ги исполнил очекуваните резултати од учењето. Резултатите од учењето подразбираат компетентност што го одразува она што ученикот ќе го знае, разбере или може да го направи по завршувањето на процесот на учење, долг или краток.
Македонија не е исклучок за ваков тип на бодување. Универзитетите во Македонија со години успешно го применуваат ЕКТС системот при оценувањето на нивните студенти. Доколку одлучите да студирате во Македонија, ќе имате многу повеќе можности да аплицирате за една од програмите за размена на студенти, како и да го продолжите вашето академско патување во друга земја на ЕУ.