ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.06.2022
Се што треба да знаете за глобалното затоплување и климатските промени

Глобалното затоплување и климатските промени се феномен кој многу се зборува. Свесни сме дека текстов е подолг, но навистина оваа проблематика е нешто кое не засега сите нас. Се обидовме да собереме повеќе научни истражувања за да ви објасниме за што станува збор

Какво влијание имаме?

Флората и фауната се соочуваат со нови предизвици за опстанок поради климатските промени. Почестата и интензивна суша, бури, топлотни бранови, подигнување на нивото на морето, топење на глечерите и затоплување на океаните можат директно да им наштетат на животните, да ги уништат нивните живеалишта и да предизвикаат хаос во егзистенцијата и заедниците на луѓето.

Планетата Земја нема да се зачува сама

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Мора да разбереме што ги предизвикува климатските промени. Земјината клима е под влијание и менување покрај природни причини како што се вулкански ерупции, океански струи, промени во орбитата на Земјата, соларни ветрови и внатрешни промени. Значителен фактор во сето ова е и човекот кој со модерниот начин на живот, горење на фосилни горива, пластика, отровни хемикалии, предизвиканите пожари од невнимателност и општата негрижа за околината.

Зошто „Environmentally friendly“ е глобална измама?

Знаците на глобалното затоплување се насекаде и се посложени од покачувањето на температурите.

Многу луѓе глобалното затоплување и климатските промени не ги сфаќаат сериозно. Научниците претпочитаат да ја користат фразата „климатски промени“ кога ги опишуваат сложените промени кои сега влијаат на времето и климатските системи на нашата планета. Климатските промени опфаќаат не само зголемување на просечните температури, туку и екстремни временски настани, поместување на популациите и живеалиштата на дивиот свет, пораст на морињата и низа други влијанија. Сите овие промени се појавуваат бидејќи луѓето продолжуваат да додаваат стакленички гасови што ја заробуваат топлината во атмосферата.

Каде има најчист воздух во светот, а каде најзагаден?

Загадувањето на воздухот исто така е резултат на наши активности

Во 2020 година, кога започна Ковид – 19 пандемијата, во Америка е забележано дека американците имаат се помалку срцеви удари. Според истражување на научници од Универзитетот во Калифорнија, резултат на намалени срцеви заболувања е тоа што луѓето вдишувале помалку загаден воздух.

Загадувањето на воздухот е помало во последниве две години, поради помалку согорен гас од автомобилите и генерално помалата човечка активност. Сето ова е резултат на работа од дома, онлајн настава и помалку патување.

Дали најстарото дрво во светот ќе го преживее глобалното затоплување?

Загадениот воздух ви го крати животот за близу 3 години?

Според проценката на неодамнешното истражување, Светската здравствена организација минатата година заклучи дека загадувањето на воздухот е „единствената најголема еколошка закана за здравјето и благосостојбата на луѓето“.

Постојат многу причини поради кои светот не реагира соодветно на климатските промени. Но, сигурно еден фактор, како глобалните напори да се затвори дупката во озонската обвивка во 1980-тите, немањето јасна мотивација или јасна закана.

Предупредувањата се многу сериозни, но тие се базираат на долгорочни предвидувања. Луѓето денес сепак е тешко да станат загрижени за состојба која ќе биде катастрофална во 2100 година. Уште е потешко да се мотивираат да направат нешто во врска со тоа. Можеби ќе бидат по мотивирани, ако навистина сфатат колку е сериозен проблемот?

Дали новите електрични автомобили се ,,по зелени’’ од старите?

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго минатата година процениле дека загадувањето на воздухот намалува 2,2 години од просечниот човечки живот. Ефектите се полоши таму каде што загадувањето е најгусто. Но, неодамнешни истражувања, изградени на големи податоци и подобрени компјутерски модели, покажуваат дека дури и пониските нивоа на загаденост на воздухот (нивоа легални според законите) имаат катастрофални последици. Дури и луѓето кои живеат во руралните области каде што воздухот се чувствува свеж често вдишуваат нивоа на загаденост доволни за да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Загадувањето на воздухот не убива сега. Планетата полека умира. Со малку почит кон единственото живеалиште, планетата Земја, ќе допринесеме ние и нашата иднина да живееме во здрава средина.

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите