ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.02.2023
Се зголемува бројот на поплаки за дискриминација
Автор: Goce Author

Расте бројот на поплаки за дискриминација до Народниот правобранител, а од друга страна има постојано кратење на буџетот за телата за заштита на човековите права.

„Зголемен е бројот на поплаки за дискриминација што ги добил Народниот правобранител во 2022 – биле поднесени 76 односно над 30 повеќе од претходната година, соопшти народниот правобранител Насер Зибери на отворањето ан конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“ во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Според пристигнатите претставки и оние што Народниот правобранител ги отворил по сопствена иницијатива, најбројни се во областа на работа и работни односи, потоа пристап до други услуги, правосудство и управа, домување, образование, наука, спорт, социјална сигурност итн.

-„Ме загрижува високиот процент на недоверба на граѓаните во институциите за заштита од дискриминација, многу висок процент на граѓани кои не се охрабруваат да посегнат кон покренување инструменти за заштита бидејќи однапред се депримирани односно немаат доверба во институциите. Ова треба да ја загрижува Владата, но и Собранието зашто тие се фактори што ги креираат политиките, рече Зибери.

Родители Роми од Европскиот суд добија пресуда за сегрегација

Исто така, рече и дека Владата и Собранието, кои ги поддржуваат овие национални тела за заштита на човековите права, со постојаното кратење на нивните буџети и несоздавање соодветни услови за функционирање, немањето доволно ресурси и кадар, не придонесуваат во позитивни резултати.

Најмногу поплаки за дискриминација во работните односи и правосудството

И институцијата Народен правобранител ги чувствува последиците од  кратењето на буџетот . Таа не е целосно достапна за лицата што бараат остварување на нивните права, како во Скопје, така и во регионалните организации.

Во Ресурсниот центар за креирање родово одговорни политики и буџети лани се спроведени десет обуки за недискриминација и обучени 165 лица од јавната администрација. Подготвени се и два електронски модула за обука за еднаквост и недискриминација кои се поставени на веб-страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

На Конференцијата се обрати и Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Таа најави дека  се работи и на Предлог-закон за спречување за заштита од вознемирување на работно место. Тенденцијата е да се даде силен превентивен аспект, но и да се усогласи со меѓународните стандарди особено со конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Со тоа ќе се прошири опсегот на важечките антидисркиминаторски одредби.

Министерката во обраќањето рече и дека се подготвува нов закон за родова еднаквост. Од него се очекува ефект во справување со предрасуди и стереотипи поврзани со родовите улоги.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите