

Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во соработка со СОС „Детско село“ ги седна на иста маса младите и претставниците на институциите кои имаат ингеренции во областа на младинските политики, со цел да се подобри нивната соработка, посебно од аспект на вработливоста. Настанот наречен „Подобрување на соработката помеѓу младите и локалните институции во насока на зајакнување на вработливоста“ беше организиран во рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности (YEEP)“ .
Извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески, истакна дека проектот што се спроведува во Западен Балкан се вика „Младинско охрабрување за нивните можности“, финансиран од германската влада, а во Македонија се спроведува во три општини – во Прилеп, Тетово и во Битола – вклучувајќи ја координацијата во Скопје.
Илиески рече и дека постои комуникација и координација со локалните бизниси во градот и дека предизвикот со кој се соочуваат младите лица по завршувањето на образовниот процес е излегувањето на пазарот на трудот и судирање со реалноста од непоседување работно искуство.

Претставниците на општините кои се вклучени во проектот и присуствуваа дебатата, посочија дека ова е почеток на заедничка и успешна соработка во која заедно со локалните институции ќе придонесат за интеграција на младите на пазарот на трудот, а една од формите е формирање на младински совети онаму каде што ги нема, со што може да се унапреди соработката со младите лица.
Целта и на оваа сдебата одржана во Скопје, како и на сите активности од проектот е да придонесе за подигнување на свеста и вмрежување кај клучните засегнати страни за адекватна поддршка и интеграција на младите луѓе на пазарот на труд.