ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.07.2023
Сегрегација во училиштата – само дел од (не)инклузијата на ромите

По пресудата на Европскиот суд за човекови права вo Стразбур, со која семејства од Штип треба да добијат обесштетување поради сегрегација на нивните деца во ОУ „Гоце Делчев“ Штип, прашањето за сегрегацијата, за тоа како ќе се формираат паралелките во ова училиште, за да се избегнат ситуациите на т.н. „чисти паралелки“ повторно се исфрли во прв план.

Пресудата сама по себе значи дека семејствата ќе добијат финансиски средства, општината ќе треба да преземе одредени активности и мерки, но прашање е дали тоа ќе биде решение на проблемот. Кога ќе се анализираат состојбите со бројот на ромско население во Штип, локацијата – реонот каде тоа население живее, некои законски недоследности, ќе се види дека прашањето на било каква вина за сегрегацијата не може (а се чини и не треба) да се лоцира ниту кон училиштата, ниту кон локалната самоуправа. Всушност, овој проблем е последица или дел од генералните проблеми и состојби во кои се наоѓа ромското население во Штип но и воопшто во Македонија.

Како всушност стојат работите после таа пресудата за сегрегација од Стразбур?

 Од страна на Локалната самоуправа во Штип, по препорака на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП во Стразбур , е добиено писмо со препорака за преземање на мерки. Формирано е работно тело за изготвување на Акциски план за решавање на прашањето на сегрегацијата. Телото изготви акциски план за решавање  на прашањето и  истиот е  усвоен од  Советот. Во него е предвидена :

1.Нова реонизација,

  1. Измена и дополнување на правилникот за упис на деца од прво одд., Правилникот кој е донесен уште 2018 год. од тогашниот совет, е надополнет со измените во Законот за основно образование, со напомена родителите да донесат документ за потврда на местото на живеење, односно престојувалиштето.

Како дел од правилникот донесен од советот од претходно,  се и следните обрасци :

 -Молба на родител за запишување на дете во друго училиште,

-Потврда од директорот на училиштето во кое детето сака да се запише дека нема да предизвика зголемување на број на паралелки кои се планирани.

3.Распределба на ученици Ромчиња од прво одд, односно давање  можност за запишување на Ромчињата во други училишта, а кои по место на живеење  припаѓаат во ООУ”Гоце Делчев”  и нивни бесплатен превоз, доколку се воведе јавен сообраќај во градот. Ова е една можност, но дали би се реализирала, ќе зависи од пројавениот интерес.

  1. Трибина со родители на училишните обврзници во прво одд.за задолжително почитување на реонизацијата.
  2. Посета на родители на деца Ромчиња и информирање за задолжително запишување и редовно присуство на настава.

Сето тоа е преземено од страна на Општината, но дали ќе го реши проблемот, навистина е дискутабилно. Ова пред се поради тоа што има и одредени недоследности во Законот, но и поради реалните состојби за кои понекогаш повеќе се молчи од што се зборува.

Законот има „дупки“ кои се користат за непочитување на реонизацијата

Проблемот е што во Законот за основно образование, чл.63 став 1 и 3 се во колизија на некој начин. Со став 1 родителот има право да го запише детето во ОУ во реонот каде живее, според став .3 родителот може да го запише детето во друг реон ако за тоа има согласност…. Директорите на училиштата едноставно мораат да дадат согласност ако во соодветното училиште има непополнети паралелки, а со оглед на намалување на бројот на деца и ученици, место секогаш и секаде има.

Инаку, за потсетување. Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Северна Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Северна Македонија. Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). На секое домаќинство му е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта. Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

Проблемот со сегрегацијата не треба да се гледа изолирано

Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа“ изјави правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали. „Она што сега мора итно да се случи е донесување планови за десегрегација во двете училишта, за да се обезбеди дека утврдената повреда нема да се повтори во следните школски години. ЕЦПР внимателно ќе ги следи дејствијата на Владата и ќе го информира Комитетот на министри доколку пресудата не е проследена со соодветно спроведување.“

Родители Роми од Европскиот суд добија пресуда за сегрегација

Во ООУ Гоце Делчев во учебната  2017/18  од вкупниот број на запишани првоодделенчиња 64% биле Ромчиња, а во 2018/19 процентот бил 67%. Тие територијално, географски се сконцентрирани во реонот на ова училиште. Тоа е и реалноста – Ромите во Штип реонски припаѓаат токму во реонот во кој е училиштето „Гоце Делчев“, и само по себе се наметнува дека има поголем дело на ученици – Роми, со самото тоа и повеќе паралелки со ученици Роми.

Токму поради сево ова, проблемот со сегрегацијата всушност не треба да се гледа изолирано, туку како дел од целокупната состојба со инклузијата на Ромите во општеството. Сегреацијата и образованието е само еден дел од неа.

„Супер училишта“ – можност за дружење на ученици од Западен Балкан
Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид