ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.11.2021
Сексуално вознемирување – сите би го пријавиле, а пријави има малку….

Фото: WYD

Анкетата за сексуалното вознемирување во високото образование која ја реализираше goce.mk со Универзитетските медиуми на УГД покажа дека во најголем дел, генералната слика која ја следи оваа проблематика се покажува и во високообразовните институции. А таа генерална слика е недокрај дефинирано значење на тоа што е сексуално вознемирување, голема желба случаите да се пријавуваат, а од друга страна големо владеење на молкот и најчесто непријавување, свесност дека во јавноста не се делува доволно, како и јасно покажаната потреба медиумите многу повеќе да говорат и истражуваат на оваа тема.

Ставот за сексуално вознемирување во високото образование на најголем дел од учесниците во анкетата е дека треба да биде казнето, помал дел дека треба да биде решено во рамките на институцијата, еден учесник рекол дека не постои такво нешто, а два одговори се дека студентките провоцираат и затоа се случува.

(Прочитајте и: Само една од десет жени би пријавила насилство во полиција )

Кога станува збор за тоа што мислат, што е сексуално вознемирување, најголем дел сметаат дека тоа е физичкото вознемирување, потоа следуваат одговорите дека тоа е уцената, сексуалните предлози и психичкото вознемирување, нешто помалку непристојните коментари,  и заканите, а најмалку анкетирани сметаат дека сексуално вознемирување е следењето и сајбер насилството.

Како да се казнува – речиси сите се согласуваат дека затворска казна е потребна за сексуалното вознемирување, малку помалку дека треба отказ од работа за насилникот, незначителен дел е и за парична казна, а карактеристичен е одговорот дека треба соодветна казна, која треба да биде внесена и предвидена во правилниците на високообразовните институции.

На прашањето како ќе постапат ако некој околу нив е жртва на сексуално вознемирување, сите велат дека ќе пријават (што е интересно, бидејќи праксата говори дека пријавувањето и не е толку често)

Кому би пријавиле – мнозинството на полиција, помал дел на службите во високообразовната институција

Фото: DP

Интересни се одговорите на прашањето дали знаете некој што имал искуствонајголем дел отпаѓа на одговорот „не сум сигурен“! Тоа покажува дека сознанието за тоа што е сексуално вознемирување е навистина сеуште во сферата на нејасно….недефинирано… Од останатите одговори, повеќето одговориле „не“, нешто помалку „да“.

На одгвоорите од претходното прашање некако соодветствуваат и оние на прашањето Колку сексуалното вознемирување е застапено во високото образование. Најголем дел сметаат дека се случува ретко, подеднакво е поделено мислењето дека го има, но не е толку голем проблем, но и дека го има многу и дека е значаен проблем.

Загрижувачки показател е дека 95 % од анкетираните сметаат дека во јавноста не се зборува доволно за овој проблем.

Кај искуствата, има различни – професор барал сексуална услуга за оценка, па праќање на несоодветни фотографии , навредливи и вознемирувачки содржини во групен чат по предмет од факултет, потоа на забава личност упорно ја допирала девојката без дозвола…

Анкетираните имаат и свои предлози што би сакале да прават медиумитеинформирање на младите, да се подига свеста, да се врши едукација, да се потенцира дека не е срамота ниту навредливо доколку се пријави, да се покаже јавно насилникот, да се истражуваат ситуациите и да се прикаже вистинската слика за она што се случува, повеќе да се зборува во јавноста, да се организираат емисии, вклучување со изјави на специјализирани лица за оваа област, медиумите посериозно да ги сфаќаат овие теми и да не бидат пристрасни.

 

 

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска