ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.11.2022
Сексуално вознемирување во академската заедница има, но не се пријавува
Автор: Goce Author

Сексуално вознемирување е присутно во академската заедница, покажа истражување спроведено од студенти на УКИМ.

Еден од пет студенти или 21,3 отсто биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар како „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“. 26,2 отсто, или еден од 4, биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка, а на 15,6 проценти од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано. Дури 88,5 проценти од студентите не знаат каде можат да пријават сексуално вознемирување што се случило на УКИМ.

Ова го покажува истражувањето „Перцепцијата и искуството на студент(к)ите при УКИМ со сексуално вознемирување“, спроведено од студентите на Меѓународните интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје. Теодора Милеска, дипломирана студентка на Меѓународните интеркултурни студии при Филозофски факултет, која била дел од истражувачкиот тим, презентацијата на истражувањето истакна дека идејата потекнала од студентите на Студиите.

 Ова е тема која претходно никогаш не е покриена од страна на истражувачите кај нас, а свесни сме дека е и тоа како раширена и распространета низ нашиот Универзитет и Факултет, затоа што имавме и неколку судски одлуки каде што беа најдени наоди за тоа дека одредени професори користеле форми на сексуално вознемирување како уцена на студентките. Затоа, ова истражување имаше за цел да ја пробие таа стигма и сексуалното вознемирување да го направи помалку табу тема со тоа што, нели, ќе имаме конечни наоди и резултати кои укажуваат која е реалната состојба кај нас, рече Милеска.

Сексуално вознемирување – сива зона и во законите и во менталитетот

Сексуално вознемирување тешко се пријавува

Истражувањето покажува дека дури 47,8 отсто од студентите одговориле дека биле во ситуација во која биле кажувани сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на колега или колешка. Само 4,6 отсто од студентите одговориле дека пријавиле или знаат некој кој пријавил сексуално вознемирување, а приближно секој петти студент (18,4 отсто) не пријавил сексуално вознемирување, бидејќи не знаел каде може да пријави. Во однос на постапувањето од страна на институцијата во случајот на сексуално вознемирување, само во еден случај испитаникот искажал позитивна разврска на суд.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од студентите одговориле дека УКИМ „не ги штити“ и „воопшто не ги штити“ студентите од сексуално вознемирување. Дури 56,78 проценти од студентките сметаат дека УКИМ воопшто не нуди заштита од, наспроти 33,33 отсто од машките студенти. Една петтина од студентите (21,9 проценти) одговориле дека се потребни санкции за вршителите на сексуалното вознемирување.

Сексуално вознемирување – сите би го пријавиле, а пријави има малку….

Kога студентите зборувале за искуството со професори, тоа најчесто било дека тие имале страв да немаат некаков проблем понатаму со професорите, а во врска со нивното понатамошно студирање. Како што информира тој, УКИМ има свои механизми за пријавување на сексуално вознемирување, но вели дека „тие се на некој начин мртви, не се промовираат и никој не знае за тоа“, дополнувајќи дека можат да пријават во МВР, Деканатот или Студентскиот правобранител. Препораките од истражувањето се да се креира и усвои јасно дефиниран самостоен документ за политика на нулта толеранција на сексуално вознемирување и насилство на УКИМ, креирање на функционално и транспарентно тело како механизам за пријавување и заштита на жртвите и креирање на добро воспоставени програми за обука на вработените и студентите на УКИМ.

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија