ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.11.2025
„Сексуално здравје – без табу, информирани, заштитени, слободни“

Во соработка со Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, организацијата Заедно посилни подготвува јавен едукативен настан посветен на сексуалното здравје и современите начини на заштита од ХИВ и сексуално преносливи инфекции. Настанот ќе се одржи на 3 декември 2025 година, во 16:30 часот, во просториите на Факултетот.

Фокусот на програмата е јасен и практичен: да се отворат табу темите и да се понудат најнови, научно засновани информации што им овозможуваат на младите луѓе да бидат информирани, заштитени и сигурни во сопственото здравје.

„Како СОМА, веруваме дека секој млад човек заслужува пристап до точни информации и безбедна средина во која може да поставува прашања без страв — затоа со гордост сме дел од овој настан“, порачаа од организацијата.

Присутните ќе имаат можност да слушнат за новитетите во превенцијата на ХИВ, најсовремените методи за намалување на ризик, како и достапните опции во Македонија – од редовно тестирање и скрининг, до употреба на кондоми, предекспозициска (ПрЕП) и постекспозициска профилакса (ПЕП), како и новиот пристап докси-ПЕП, кој се користи за превенција од одредени бактериски сексуално преносливи инфекции.

Средношколците немаат доволно знаења за сексуално преносливи инфекции

Освен медицинските аспекти, настанот ќе отвори и прашања важни за младата популација:

  • Како да се препознае ризик и навремено да се побара услуга?

  • Кои бесплатни и достапни услуги за превенција, дијагностика и лекување на СПИ и ХИВ постојат во Македонија?

  • Како секој поединец може самоуверено да пристапи кон сексуалното здравје без страв и стигма?

Со вакви иницијативи, Штип уште еднаш покажува дека младите можат да добијат актуелни и корисни информации – и тоа на место каде што знаењето навистина прави разлика. Настанот е отворен за сите заинтересирани.

Линк за пријава на настанот:

https://docs.google.com/forms/d/1zswnmi1O2xDEbleAkmRRfNZDvLBdbr8X3eL01HPuv1M/viewform?edit_requested=true&fbclid=PAZnRzaAOVQClleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA8xMjQwMjQ1NzQyODc0MTQAAadGDcfgmzLuVvRJt0EGKzDPJQMm0B1P-jEwZNmu5mEZUJhuMMAxP8Kw5pul0A_aem_P49-Lt7uBM-SGBTINHNNjw

Светски ден против дебелината: младите се сѐ по дебели
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија