ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.02.2023
Сергеј Трифуновиќ делел лекции за театарски бон-тон
Автор: Goce Author

Сергеј Трифуновиќ влегол во конфликт со дел од публиката на театарска претстава, поради користење на мобилни телефони и шепотење за време на претставата.

Минатата недела во Риека Зајац се одржа изведбата на Ѕвезден воз на белградскиот театар, во која главните улоги ги толкуваа Воислав Брајовиќ и Сергеј Трифуновиќ, каде се случи инцидент меѓу актерот и публиката, пишува Вечерњи лист.

Имено, еден од мажите од публиката не престанал да гледа во неговиот мобилен, па Трифуновиќ му пришол и му го одзел, заработувајќи аплаузи од публиката. Гледачите раскажуваат дека изнервираниот актер се шетал по партерот и од момчето кое го фотографирало снимало го одзел мобилниот телефон и го фрлил на подот.

Меѓутоа, гледањето во мобилниот не било единственото нешто што му пречело на српскиот актер.

Нивната изведба на филозофската драма за двајца херои, професорот Бел и екс-затвореникот Црна, постојано беше прекинувана со известувања, жагор од публиката, кашлање и шушкање, а според гледачите Трифуновиќ повеќе пати забележал за кашлањето од публиката, што не можело да се игнорира.

Superior Runs од Штип се стреми да го подигне спортскиот дух во градот

„Во еден момент на гледач од првиот ред му рече слободно да ја отвори бонбоната бидејќи тоа воопшто не им пречи, а потоа на присутните им порача дека само тие треба да разговараат, бидејќи нема смисла да се надвикува со нив“ изјавил еден од гледачите.

Инцидентот продолжува да се коментира на социјалните мрежи, а го пренесоа и српските медиуми. Актерот, пак, прокоментира дека „малку недостасувало, едно пет пати“ за да ја прекине претставата.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони